Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја откажа посетата на Србија откако соседните земји го затворија воздушниот простор за неговиот владин авион, објави Ројтерс.
Бугарија. Северна Македонија и Црна Гора одбија да дозволат минување на руските владини авиони на релација Москва-Белград преку нивниот воздушен простор.
Србија, која одржува блиски врски со Русија, не се приклучи на западните санкции поради инвазијата на Украина.
Минатиот месец, претседателот Владимир Путин и неговиот српски колега Александар Вучиќ се согласија дека Русија ќе продолжи да испорачува гас на Србија додека преносот до другите земји на ЕУ беше прекинат, откако тие одбија да платат за гас во рубли, како што бараше Русија.
Српската радио-телевизија синоќа објави дека посетата на шефот на руската дипломатија на Белград е неизвесна, а премиерката Ана Брнабиќ претходно дента за ТВ Пинк кажа дека ситуацијата во врска со посетата е „исклучително комплицирана“.
Подготви: Д.Мишев












