• Latest

Лазареска Геровска: Измените во Изборниот законик ќе бидат имлементирани од последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР

December 21, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Лазареска Геровска: Измените во Изборниот законик ќе бидат имлементирани од последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР

December 21, 2020 17:03
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Радмила Лазареска Геровска од Министерство за правда, на панел дискусијата „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“.  информираше за текот на формирањето на работната група за измени во Изборниот законик.

„Имаме најави дека Министерството за правда ќе формира работна група во која што ќе членуваат околу 12 членови, ако не се лажам, освен претставникот на Министерство за правда и 6 претставници од политичките партии. Работната група се обидува да се формира веќе еден месец наназад. Проблемот е што дел од политичките партии сѐ уште немаат доставено номинации за нивните членови во работната група, но се надеваме дека кон средината на декември дека ќе достават сите номинации и дека ќе се оформи таа работна група која што е прилично хетерогена. Има претставник од ДИК, ОБСЕ, ИФЕС, МОСТ, Секретаријатот за европски прашања, Националниот институт за демократија… И Европска комисија искажа интерес и побара да биде член или барем да биде набљудувач на работата на оваа комисија“, рече Лазареска Геровска.

Лазареска Геровска објасни дека нема да се работи на нови Изборен законик туку на измени, а ќе се разговара и за промени во изборниот модел.

„Деркоски најави дека ќе се работи на целосно нов Изборен законик. Првото мое прашање кога ми рекоа повторно дека ќе ја водам таа работна група, беше кој мандат е таа работна група и за жал мене ми рекоа дека нема да се работи нов Изборен законик туку дека ќе се работи повторно на измени. Значи мандатот е да се имплементираат сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР што беа во последниот Извештај што се однесува на предвремените парламентарни избори и да се размислува за промена на изборниот модел. Министерството за правда е инволвирано во процесот на подготовка на законското решение, преку работни групи, па правевме тркалезни маси, широки дискусии поделени на 6 сегменти, многу се работеше за на крај повторно политичките партии седнат и се договорат. Измените што беа усвоени изминатиот период се измени што ги работеа директно тие. Значи ние ќе работевме, но она што тие ние ќе го пуштевме како предлог, не одеше туку така туку ќе беше предмет на преговори“, изјави Лазареска Геровска.

Со оглед на локалните избори 2021, се очекува, како што најави Лазареска Геровска, Предлог-законот на работната група да помине и на Собрание некаде во јуни наредната година.

„Оваа година министерот Бојан Маричиќ се обврза да направиме измени на Изборниот законик. Јас би сакала да се направи најпоследен чист Изборен законик, но знаете тоа е многу долг процес, процес на преговарање пред сѐ на политичките партии и јас навистина не знам што би можело да се случи. Имаме рамка воспоставена до јуни 2021 година, овој закон треба во тоа време веќе да биде поминат и на Собрание. Тоа значи дека ние како работна група некаде не подоцна од мај месец би требало да воспоставиме Предлог-закон во Владата, за кој што се надевам ќе влезе во собраниска процедура.

Сепак, со фактичка работа не верувам дека ќе може да се почне пред средината на јануари, сепак доаѓаат празници, но можно е да се одржи првичен состанок со кој би се запознале членовите на работната група за понатамошната работа“, објасни Лазаревска Геровска.

На прашањето зошто се исклучени другите домашни организации што вршат изборен мониторинг освен МОСТ, како дел од работната група, Лазареска Геровска, рече дека нема таква информација и дека тоа е веќе донесена одлука на министерот.

„Јас не можам да кажам ништо повеќе од она што јас го гледам на нашите страни, тоа е работа на министерот, тие утврдиле и јас не би можела да ви кажам. Евентуално ако имате интерес или кој има интерес нека достави некаков писмен материјал до правда, па се надевам дека Министерството ќе има слух за тоа. Јас ќе ги пренесам вашите пораки до министерот за правда и се надевам дека ќе имаме повратен одговор во многу скоро време“, рече Лазареска Геровска.

Б. Ј.

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ