360 степени излезе со вест која ја разобличи вистината што се крие за фотогорафијата на девојка со маица каде сонцето од Вергина го има/нема. Сите портали што ја пренесоа оваа фотографија како вест имаат наслови дека се работи за понижување, дека ликуваат. Како што објаснува 360 степени никој не ја ни проверил фотографијата, која со само еден клик и пребарување се покажува дека е фотомонтажа, односно не е реална.
Интересно е што не само македонските порали „паднаа“ на фората, како што вели 365 степени дури ја направиле вест во низа па ги пренеле и македонските реакции на веста.