Лажна е веста дека во Комплексот „Бела Вода“ во Берово, во менито на ресторанот со налепници е покриен зборот „македонска“ од македонска салата.
Во последните два дена, по социјалните мрежи кружеше лажна вест дека во менито на ресторанот „Бела Вода“, со налепници е покриен зборот „македонска“ од македонска салата, споделен од Твитер профилот на „Брокерот“ (@Brokerot_sk).
Во берово “бела вода” го имаат избришано од менито зборот МАКЕДОНСКИ! Затоа веќе никад нема да ви стапнам! pic.twitter.com/NKV75S22Dq
— Брокерот (@Brokerot_sk) July 4, 2021
Тимот на ЦИВИЛ стапи во контакт со менаџментот на Комплексот „Бела Вода“, кои најстрого ја демантира веста дека зборот „македонска“ од македонска салата е покриен со налепница. Од менаџментот соопштија дека веста е комплетно неточна и дека некој пробува да си игра со угледот и репутацијата на Комплексот. Тие велат дека никогаш не би го покриле зборот „македонска“, напротив, велат во комплексот се веат македонски знамиња и во ресторанот се слуша македонска музика.
Лавина од коментари и говор на омраза се најде под постот на „Брокерот“ (@Brokerot_sk) во кој вели:
„Во Берово „бела вода” го имаат избришано од менито зборот МАКЕДОНСКИ! Затоа веќе никад нема да ви стапнам!“
Ова се само дел од коментарите со навредлива содржина и ширење на говор на омраза.
Порталот off.net.mk исто така ја пренеле оваа лажна вест, без претходно да ја проверат нејзината точност.
Оваа оркестрирана лажна вест, ја споделиле над 100 профили, со акцент да се навредува Владата.
Но има и такви кои истакнаа дека се работи за лажна вест.
Ваквите лажни вести колку и да изгледаат наивно, сепак се добро осмислени и разработени од партиската машинерија. Лажните вести и дезинформации се со цел да ги дискридитираат и да го нарушат угледот на одредена личност, во случајот угледот на комплексот „Бела вода“.
ЦИВИЛ бара надлежните институции да преземат мерки и да ги санкционираат тие што пласираат лажни вести кои предизвикуваат коментари со говор на омраза.
ЦИВИЛ Мониторинг тим