• Latest

Легнаа првите 110 милиони евра од ММФ, започна расправата за Буџетот за 2023, продолжува хаосот во јавниот превоз

November 23, 2022

Костовски: Едноставно, ние на Европа ѝ велиме – не нè интересира Унијата

June 14, 2025

Иран се заканува со затворање на Ормускиот теснец – излез на Персискиот залив и една од најважните геостратешки точки во светот

June 14, 2025

Би-Би-Си: Крајната цел на Израел може да биде промена на режимот во Иран, но под голем ризик

June 14, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Дерала: Во земја без море, родена е спасителката на океаните, од Кичево до Пацификот

June 14, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 18:05 часот -„Пожарот не беше несреќен случај, туку масовно убиство“ велат семејствата на жртвите

June 14, 2025

„Техеран ќе гори“: Израелскиот министер за одбрана го предупредува Иран за ракетните напади

June 14, 2025
Ракетен ирански напад на Тел Авив. Фото: Скриншот

Иран ги предупреди САД, Велика Британија и Франција да не помагаат во спречувањето на иранските напади врз Израел

June 14, 2025

Папата Лео апелира за разумност и дијалог по воздушните напади меѓу Израел и Иран

June 14, 2025

Хил: САД повеќе нема да интервенираат како досега, Косово и Србија треба сами да ги решат своите проблеми

June 14, 2025

Украина репатрира уште тела од паднати војници во голема размена со Русија

June 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Легнаа првите 110 милиони евра од ММФ, започна расправата за Буџетот за 2023, продолжува хаосот во јавниот превоз

November 23, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Северна Македонија ги доби првите 110 милиони евра од ММФ

Република Северна Македонија ја добива првата транша од 110 милиони евра од вкупно одобрените од Меѓународниот монетарен фонд преку Инструментот за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). Средствата стануваат достапни откако Одборот на директори на ММФ ја одобри двегодишната програма на Република Северна Македонија во рамки на Инструментот за претпазливост и ликвидност.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Државата мора да ги контролира фирмите феномени на екстра профитот. Јас таквите компании ги нарекувам „супер профит мејкери“. Сериозни држави не толерираат компании кои остваруваат екстра профити надвор од сите логични економски стандарди, некои држави знаат таквите компании и да ги конфискуваат. Нашата држава се плаши. Ако ништо друго таквите компании барем треба екстремно да ги оданочува. Да ги оданочува профитите остварени во вонредни околности. Но нашите влади тоа не го прават. А зошто нашата влада тоа не го прави? Па не го прави затоа што се плаши, затоа што нема смелост. А нема смелост затоа што мисли дека наводно бизнисот има огромно влијание во политиката што сметам дека и е погрешно. На пример, на што личи за даночни реформи да одите да го прашате големиот бизнис. Што очекувате дека оттаму можат да ви кажат, вели академик Абдулменаф Беџети во интервјуто за Слободна ТВ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

БУЏЕТ Предлог државниот буџет кој од денеска е на комисиска расправа во Собранието е досега најтешка и предвидува повеќе пари за плати и пензии, социјални трансфери, капитални инвестиции.

Вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година се планирани на ниво од 282,1 милијарда денари и се за 14,8 отсто повисоки во однос на 2022 година, додека расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ Дел од македонските медиуми спинуваат со (ре)објавување на стара содржина од 2019 година кога премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, ја најави кампањата на неговата земја насловена како „Голема Македонија“.

СКОПЈЕ 2014 Повторно пропадна камион во фонтаната на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. Станува збор за возило на приватна компанија кое како што може да се види и од фотографиите, со предните тркала пропаднало во плочникот во делот каде што се наоѓа партерната фонтана. Возачот е приведен.

ПРАВДА Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Во ракетен напад врз северозападниот сириски град Азаз, кој е под контрола на опозицијата, во вторникот загинаа пет цивили, а уште пет беа ранети, соопшти Ројтерс повикувајќи се на изјава на медицинска сестра во локалната болница и локален активист.

*

Руските напаѓачи пукаа во породилното одделение на болницата во Вилњанск, убивајќи едно новороденче во текот на ноќта во средата, 23 ноември, пренесува Укринформ, повикувајќи се на соопштение на шефот на регионалната државна управа на Запорожје, Олександр Старук.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ ќе одржи јавен настан на тема „На чија услуга е балансерот“, во четврток (24 ноември), со почеток во 12:30 часот во Прес студиото на организацијата во Бизнис центарот Палома Бјанка.

На панелот ќе се отворат прашања во однос на балансерот при вработување на административни службеници, а во контекст на процентуалната застапеност на етничките заедници во земјава, (зло)употребата на алатката, и можни решенија како што е понатамошното функционирање, но со поинаква регулација, или отстранување на истата.

СЛОБОДНА ЗОНА

Љубомир Костовски

Јасно е дека американската амбасадорка Aнџела Агелер има право да реагира на она што се случува во една земја која е НАТО партнер и како држава која е под на постојано набљудување во областа на остварувањето на правата, каде правосудниот систем во најшироката смисла има централно место. Амбасадорката истакна без двоумење дека се вложени силни средства во обука и подготовка за реформи на правосудните фактори во сите домени (би ги исклучиле тука, се разбира адвокатите, на кои им се добри и „старите школи“), но дека тоа не дало соодветни резултати, пишува Љубомир Костовски во анализата „Гласање за обвинители како доказ за хибернација на правната држава“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    481 shares
    Share 192 Tweet 120
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    216 shares
    Share 86 Tweet 54
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    97 shares
    Share 39 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ