• Latest

Стара кампања на Мицотакис за „Голема Македонија“ препакувана како нова

November 23, 2022
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Стара кампања на Мицотакис за „Голема Македонија“ препакувана како нова

November 23, 2022 15:27
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Дел од македонските медиуми спинуваат со (ре)објавување на стара содржина од 2019 година кога премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, ја најави кампањата на неговата земја насловена како „Голема Македонија“.

Порталот МКД.мк објави дека во видео спотот објавен на неговиот официјален твитер-профил, Мицотакис се повикува на славното минато и на македонските производи произведени на македонската земја.

„Новиот белег што ќе ги придружува македонските производи ширум светот им дава единствен идентитет на производите произведени на македонската земја. Идентитет кој се однесува на славното минато и го отвора патот за подобра иднина“, напиша Мицотакис.

Спинот на порталот е што не објавиле кога започна кампањата и кога го кажа тоа Мицотакис, односно дека објавата на Твитер е од 14 ноември 2019, а не од 23 ноември 2022 година, како што е објавено денеска.

Ваквиот спин предизвика низа на негативни коментари против актуелната власт.

Спинот продолжува и во денешниот текст на иста тема објавен во Нова Македонија со наслов – Што значи кога Грција активира кампања наречена „Македонија Велика“, авторката меѓу другото пишува: „Некако незабележано од македонската јавност, која е главно преокупирана со „европските“ предизвици што ѝ ги поставува Бугарија на Македонија, почнаа да истекуваат роковите за некои обврски преземени со Преспанскиот договор“…

Инаку во 2019 година потегот на грчкиот премиер Мицотакис наиде на критики и во Грција и во Северна Македонија.

Новинарот Зоран Иванов во колумната „Македонија е голема, ама тој испадна мал“ објавена на ЦИВИЛ Медиа, на 17 ноември 2019 година, пишува: „Наместо во овој дваесет и први век да се прикаже како модерен европски политичар, како некој последен балкански романтичар запна на милениумското минато. Исто како и во неговото предизборие и сега се возбудува на Александар, на антиката, на Македонија, на потеклото на видовите. Како тргнал со форсирањето на Македонија, ќе ѝ го заборави името на државата чиј премиер е“.

ЦМТ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ