• Latest

Македонија е голема, ама тој испадна мал  

November 17, 2019

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонија е голема, ама тој испадна мал  

Наместо во овој дваесет и први век да се прикаже како модерен европски политичар, како некој последен балкански романтичар запна на милениумското минато. Исто како и во неговото предизборие и сега се возбудува на Александар, на антиката, на Македонија, на потеклото на видовите. Како тргнал со форсирањето на Македонија, ќе ѝ го заборави името на државата чиј премиер е.

November 17, 2019 07:40
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

И овој новиот грчки премиер, од познатото политичко антимакедонско семејство, се пали на реклами. Како прле пред магаре, се истрча со промовирање бренд за грчките производи што се именувани како Македонија и македонски.

На собирот во Солун, организиран за бизнисмените на двете земји за промоција на нивните можности, на можностите на грчкото и на македонското стопанство за интензивирање на бизнис соработката меѓу двете соседни држави, надвор од секоја елементарна дипломатска етика, грчкиот премиер маркетиншки се изнапрчи дека Македонија била Грчка. И дека, во стилот на оној наш доскорешен македонски античар со „Ти си Македонија“, се истопори со неговото „Ние сме Александар Велики“.

Македонија била голема и негов бил Александар Велики. Милениумски поглед наназад на форум посветен на иднината. Наместо со стопанска тема, со својот политичко историски вокабулар, Киријакос Мицотакис пред бизнисмените во Солун се престави на начин како да му забрмчеле истите оние антички бубачки кои до неодамна бучно брмчеа и овде. Наместо мерки и премиерски пораки за поттик на економските соработки, на бизнисмените таму, ненајавено, им го довлечка милениумското минато.

Наместо во овој дваесет и први век да се прикаже како модерен европски политичар, како некој последен балкански романтичар запна на милениумското минато. Исто како и во неговото предизборие и сега се возбудува на Александар, на антиката, на Македонија, на потеклото на видовите. Како тргнал со форсирањето на Македонија, ќе ѝ го заборави името на државата чиј премиер е.

На Балканот има многу историја и многу политика. Овде минатото во континуитет ја вјаснува иднината. Дури и во ова глобално дигитално време, на овие полуостровски  простори на генерации и генерации деца, наместо автентична и фактографска, уште им се подметнува фингирана политичка историја. Таквото извртено минато на Балканов  создаде политичари кои и денес идоли гледаат во минатото. Како во себе да ги имаат цар Борис или крал Александар или силниот Скендербег или монарх Никола и така со ред.

Исто и примерот од текстов кого го чекаме овде да му му се поклони на воинот на коњ и да му ги цуне копитата на Букефал. И тој се пали на тоа што Александар бил Велик. И брендовски надвикува дека Македонија е голема.

Актуелниот грчи премиер Мицотакис и пред настапот на економскиот форум требаше да знае дека сите знаеме дека Александар бил и Македонски и дека бил Велик. И дека и Македонија е голема.

Но младиот Киријакос не разбра дека сите разбраа дека на бизнис форумот во Солун тој беше мал. Многу мал.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
ПРЕЗЕМАЊЕТО (делумно) НА КОЛУМНИТЕ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 15 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ. Врз основа на посебен договор за соработка и размена, ниедно ограничување не важи за Слободен печат. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ