„Ноќни Волци Македонија според нашиот кодекс не е политичка организација. Ние како мото клуб ја почитуваме слободата на луѓето и нивното правото на самоопределување, како и правото на заштита и одбрана на сопственоста, семејствата и народот на кој што припаѓаат“, вели за ЦИВИЛ Медиа, лидерот на Ноќни Волци Македонија, Ленин Јовановски, одговарајќи на прашањето дали и македонските „Ноќни Волци“ ја поддржуваат одлуката на Путин?
„Ниту една одлука, на ниту еден политичар дури и во нашата држава никогаш не била предмет на наш коментар. Нашите ставови и мислења како Ноќни Волци од секогаш ги кажуваме со дела, а не со зборови“, додаде Јовановски.
Инаку, еден од лидерите на моторџиската група руските „Ноќни волци“, Александар Сергеевич Залдастанов попознат под неговиот надимак „Хирург“, честиташе „Ослободување на Доњецк и Луганск“ и му честиташе на Путин за храброста.
Дехран Муратов
фотографијаta e од Фејсбук профилот на Ленин Јовановски