ЗОРАН ИВАНОВ
Ги тргнавме сите пречки за почеток на одот по интеграцискиот европски пат, но остана уште оваа актуелна ВМРО-ДПМНЕ на која, во целата своја партиска историја во овие три декади главното политичко оружје и е “патриотската” негација „НЕ“ за сè што беше и е круцијално за напредокот на земјата или за излегување од кризите во кои често заглавуваме и која го правеше тоа и го прави и сега со блокадата за ЕУ без притоа да понуди било каква реално остварлива алтернатива па нејзината дневно партиска прагма традиционално се сведува само на нејзиното автентичното „НЕ“ како што, впрочем, беше НЕ и за со ФИРОМ во ООН, па беше НЕ и за Охридскиот, па беше НЕ и за Преспанскиот, па беше НЕ и за референдумот, па беше НЕ и за пописот и сè така и сè тоа истото нејзино инаетливо НЕ до НЕ што, преведено на темава и кажано во оваа една реченица, излегува дека анти европското е еднакво на анти македонското и, еве, и сега пак со неразбирлива леснотија до ова нејзино најтазе НЕ за Уставот и повторно со истите патетични популистички алатки за божемно загрозени идентитетски и национални интереси кои никако да ги дефинираат и да ги објаснат и, оттука, повторно и повторно сето се сведува само на сеење магла затоа што, доколку како што заплашуваат, нашиот источен сосед продолжи да ги форсира своите негаторски небулози, на здружените европејци дури тогаш многу едноставно и во секој миг, со два збора ќе можеме да им кажеме и во пола ред да им напишеме: „Ви благодариме, ние си заминуваме” но дотогаш, …!