Граѓаните не потпаднаа под првично „анонимниот“ повик за протест против олигасите, односно само неколкумина граѓани беа на вчерашниот протест пред Собранието кој го организираше партијата Левица за наводна „амнестија за сиромашните“. Протестот беше во период кога се очекува гласање на уставните измени, односно промена на името според Преспанскиот договор.
Нивниот лидер Димитар Апасиев на својот Фејбук профил вчера напишал: „ВМРО! Дај бе не бидете деца. Влезете у Собрание и одолговлечете бар до утре. Со скандали, со све. Будаливе вазали може до вечер да ја напраат бељата, а веќе утре да падне Владата на Ципрас. Каменос вика: „НИЕ ИЗЛEГУВАМЕ“. p.s. Оправдајте го пратеничкиот мандат!“.
Здравко Савески на својот Фејсбук профил, вчера напишал: „Левица ги повикува граѓаните да го поддржат антивладиниот протест против оваа марионетска и вазалска власт – закажан во 18:00 часот пред Собранието на РМ. Излези на протест и достоинствено врати си го суверенитетот кој по Устав ти припаѓа!“.
Ниту овој пат партијата Левица не успеја на подмолен начин, искористувајќи ги сиромашните, да соберат народ пред Собрание да протестираат против промена на името.
Фотографијата е од Фејсбук профилот на 99% Маcedonia, каде што беше и најавата за протестот.
Д. М.