• Latest

Лични искуства и силни пораки од Конференцијата „Жени во политика-Говор на омраза, сенка која обесхрабрува“

March 1, 2023
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Лични искуства и силни пораки од Конференцијата „Жени во политика-Говор на омраза, сенка која обесхрабрува“

March 1, 2023 15:31
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На конференцијата „Жени во политика-Говор на омраза, сенка која обесхрабрува“, во организација на Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка на УН Вомен, на панелот два за искуствата со говорот на омраза зборуваа министерките за одбрана и култура, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска Стојчевска, генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова и Уранија Пировска извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Министерката за обрана, Славјанка Петровска го сподели своето лично искуство на родова дискриминација, поддршката од блиските, но и нејзиниот одговор на личните навреди и напади веднаш по стапувањето на функција министерка за одбрана.

„Залудно почнуваат борба против било која жена затоа што ние сме истрајни, ама сме уште посилни кога сме нападнати и веројатно една од причините поради која денеска уште седам како министерка за одбрана и покрај сите напади на кои што јас се соочив, а сите вие бевте сведоци е токму поддршката која што ја добив пред се од моите пријатели, пријателки“, рече Петровска.

„Мојата порака е многу јасна: Со говор на омраза не се служат луѓе кои имаат капацитет да создадат дела – се служат луѓе кои го немаат тој капацитет и на кој не им останува ништо друго туку да бидат демотивирачки настроени и да сакаат да ги запрат оние тргнале да го променат светот на подобро”, потенцира Петровска.

„Ако најубавите стихови, ако најубавите зборови, најубавите композиции биле напишани, создадени за жена, тогаш се прашувате кои се тие жени, какви се тие музи? Ако ги прочитате пак, статусите на социјалните мрежи, каде жената наместо муза е мета, се прашувате кои се тие мажи, какви се тоа мажи ? И сė додека родово обоените зборови се лесно изговорливи, не очекувам многумина да разберат дека секој човек има подеднакво право на избор. И културата и уметноста не биле подеднакво достапни за жените низ вековите. Многу жени твореле под машки имиња. Но, не се смениле времињата, туку се разгорела свеста кај жените дека и тие имаат достојна вредност за да станат дел и да остават трага во културата и во уметноста. Исто и во политиката. Ако, како што се вели, политиката постои откако постои и човештвото, дури во минатиот, 20-ти век, жените се изборија да бидат гласот во неа, а потоа и дел од неа,“ беа дел од пораките во обраќањето на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова, во своето обраќање истакна дека, жената политичарка е двојно дискриминирана и изложена на говор на омраза, еднаш пред да стигне на изборна листа и втор пат кога ќе влезе во политичката арена. „Говорот на омраза ги повредува жените и им го забавува политичкиот развој, но тие се одважни, храбри, гласни и непоколебливи да го продолжат патот на политичко дејствување за подобро општество, за целосна родова еднаквост,“ рече Иванова.

„Борбата за еднаквост на жените значи борба на сите полиња во општеството, а улогата на сите жени политичарки/носители на јавни функции, е од особена важност. Тие имаат моќ и простор директно да влијаат на политиките кои директно ги тангираат жените и без оглед на партиската припадност, за тие прашања треба да имаат единство. Говорот на омраза е еден од тие феномени кои бара здружена борба и особено на јавната сцена каде тие делуваат и најчесто се мета на напади. Таа борба сепак највеќе треба да биде фокусирана на жените кои не се во позиција на моќ и немаат ресурси на каков било начин да се заштитат. Јавната функција пред се и над се претпоставува заштита на јавниот интерес, правата и слободите на граѓаните,“, изјави Уранија Пировска извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ