• Latest
Фото: МИА Архива

Лидерите на ЕУ повикаа на борба против дезинформациите, манипулациите и странското мешање во изборните процеси

April 18, 2024
Фото: Скриншот од видео на МИА

За Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетните честички по здравјето на граѓаните, тоа било само визуелно

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Ова мора да биде Моментот на независноста на Европа

September 10, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Лидерите на ЕУ повикаа на борба против дезинформациите, манипулациите и странското мешање во изборните процеси

April 18, 2024 08:08
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, СВЕТ
Фото: МИА Архива

Фото: МИА Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на претстојните европски избори, Европскиот совет ја нагласува решеноста на Унијата и нејзините земји членки внимателно да ги следат и да ги посочат сите ризици кои произлегуваат од дезинформациите, вклучително и со користење на вештачка интелигенција, како и од манипулациите со странски информации и мешањете во изборните процеси, се наведува во заклучоците од првиот ден на Специјалниот самит на ЕУ.

– Европскиот совет ги повикува институциите на ЕУ и националните власти да соработуваат за овие прашања, се вели во заклучоците од оваа последна предвидена средба на шефовите на држави или влади на членките на Унијата пред европските избори во јуни.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во делот од заклучоците посветен на Украина, лидерите ја реафирмираат својата целосна и непоколеблива поддршка на земјата, нејзиниот народ и нејзините независност, суверенитет и територијален интегритет во меѓународно признатите граници.

– Европскиот совет силно ги осудува континуираните воздушни и ракетни напади на Русија против цивилите во Украина и цивилната и критична инфраструктура, вклучително и неодамнешното засилено таргетирање на енергетскиот сектор. Европската Унија и нејзините земји членки ќе го интензивираат обезбедувањето хуманитарна помош и помош за цивилна заштита, вклучително и опрема, како што се генератори за струја и енергетски трансформатори, се наведува во документот.

Лидерите на ЕУ, исто така, ја нагласуваат потребата итно да се обезбеди противвоздушна одбрана на Украина и да се забрза и интензивира испораката на сета потребна воена помош, вклучително и артилериска муниција и проектили.

– Европскиот совет го поздравува постигнатиот напредокот околу предлозите за користењето на вонредните приходи кои произлегуваат од замрзнатите руски средства во корист на Украина и повикува на нивно што брзо усвојување. Ќе се обезбеди воена поддршка со целосно почитување на безбедносната и одбранбената политика на одредени земји членки и земајќи ги предвид безбедносните и одбранбените интереси на сите земји членки, се додава во заклучоците.

Во однос на состојбите на Блискиот Исток во документот се наведува дека Советот на ЕУ силно и недвосмислено го осудува иранскиот напад врз Израел и ја повторува својата целосна солидарност со израелскиот народот и посветеност на безбедноста на земјата и на регионалната стабилност.

– Европскиот совет го повикува Иран и неговите сателити да престанат со сите напади и ги повикува сите страни да покажат најголема воздржаност и да се воздржат од каква било активност што може да ги зголеми тензиите во регионот. Европската Унија ќе преземе дополнителни рестриктивни мерки против Иран, особено во однос на беспилотните летала и ракетите. Европската унија останува целосно посветена да придонесе за деескалација и безбедност во регионот, се наведува во заклучоците.

Лидерите ја реафирмираат и својата посветеност да работи со партнерите за ставање крај на кризата во Газа без одлагање и за имплементација на Резолуцијата 2728 на Советот за безбедност на Обединетите нации, преку постигнување итен прекин на огнот, безусловно ослободување на сите заложници, како и обезбедување целосен, брз, безбеден и непречен пристап на хуманитарната помош за Палестинците на кои таа им е потребна.

– Европската Унија останува цврсто посветена на траен и одржлив мир заснован на решението со две држави, се потенцира во заклучоците.

Во делот од документот посветен на Блискиот Исток се нагласува и дека ЕУ е подготвена да работи со сите партнери за да се избегне понатамошна ескалација на тензиите во регионот, пред се во Либан, при што се потсетува на нејзината силна поддршка за земјата и либанскиот народ и ги признава тешките околности со кои се соочува државата како резултат на регионалните тензии. – Европскиот совет ги повикува сите страни да се заложат за имплементација на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на Обединетите нации. Во овој контекст, Европската унија останува посветена на стабилноста на Либан, вклучително и преку поддршка на неопходните реформи и зајакнување на својата поддршка за Либанските вооружени сили, се нагласува во заклучоците.

Лидерите на ЕУ, исто така, ја потврдуваат и решеноста на блокот да ги поддржи најранливите луѓе во Либан, вклучително бегалците, внатрешно раселените лица и заедниците на кои им е потребна помош, како и да обезбеди поддршка за борба против трговијата со луѓе и криумчарењето.

– Европскиот совет ја потврдува потребата да се постигнат услови за безбедно, доброволно и достоинствено враќање на сириските бегалци, како што е дефинирано од УНХЦР. Со оглед на Осмата бриселска конференција за Сирија, Европскиот совет ги поканува високиот претставник и Комисијата да ја разгледаат и подобрат ефективноста на помошта на ЕУ за сириските бегалци и раселените лица во Сирија и во регионот и ги повикува сите донатори да го задржат или зголемат нивото на помош за нив, се додава во документот.

Во однос на Турција, во заклучоците се наведува дека лидерите одржале стратешка дебата за односите ЕУ-Турција, врз основа на Заедничката изјава на високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност и на Комисијата за состојбата на политичките, економските и трговските односи ЕУ-Турција.

– Европската унија има стратешки интерес за стабилен и безбеден амбиент во Источниот Медитеран и за развој на кооперативни и заемно корисни односи со Турција. Европскиот совет му дава задача на Корепер, почитувајќи ги надлежностите на релевантните институции, да ја унапреди работата на препораките од Заедничката изјава во согласност со претходните заклучоци на Европскиот совет и на фазен, пропорционален и реверзибилен начин, да даде дополнителни насоки до Европскиот совет. Сопствениот конструктивен ангажман на Турција ќе биде клучен за унапредување на различните области на соработка идентификувани во Заедничката изјава, се наведува во заклучоците.

Во тој дел, се потенцира и дека во понатамошно унапредување на соработката со Турција, Европската Унија придава особено значење на продолжувањето и напредокот во разговорите за решавање на кипарското прашање.

– Европскиот совет останува целосно посветен на сеопфатно решавање на кипарскиот проблем, во рамките на ОН, во согласност со релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН и во согласност со принципите на кои е основана Унијата и правото на ЕУ. Европскиот совет го поздравува назначувањето на Марија Анхела Олгуин Куељар за лична пратеничка на генералниот секретар на ОН за Кипар. Европската унија е подготвена да игра активна улога во поддршката на сите фази на процесот предводен од ОН, со сите соодветни средства на располагање, се додава во заклучоците.

Самитот продолжува денеска со дебата по Извештајот за иднината на единствениот европски пазар, изработен од претседателот на Институтот „Жак Делор“ и поранешен италијански премиер Енрико Лета.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ