„Ние сме повеќе од безгласни суштества“, „Нашето заедничко име е ЛУЃЕ“, „Знам да љубам и кога губам“ се само дел од пораките кои ги упатија лицата со попреченост по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 декември.
Иницијатива за подигање на свеста за лицата од ранливите категории граѓани, покрената од Икуалити и Пркос, Здруженија за промоција и заштита на правата на лицата со попречености.
Учесници во видеото се: Васил Јанкула, Беира Салифоска, Александар Матовски, Марија Савеска, Кристијан Лазарев, Дени Жерновска, Гере Трипков и Ирена Поповска.