Центарот „Лoja“, регионалните #Трансформатори и Еко герила се шокирани од денешниот вандализам прикажан од општинските власти во Тетово.

„Дури и во најтемни времиња, слободата на изразување не е запрена како денес во Тетово!
Денес групата #Трансформатори (Граѓански активисти кои ја користат уметноста како форма на протест) прикажаа три инсталации: Валканото во центар, Trash чудовиште и Гранд При Тетово со фотографии од разни локации во Тетово заедно со нереализирани предизборни ветувања од општината. Но, дури и половина час по поставувањето на изложбата, луѓето со службен автомобил од Општина Тетово дојдоа, ја уништија и ја отстранија изложбата“, велат организациите од Тетово.

„Овој скандалозен чин на бандата на градоначалникот е сериозно кршење на човековите права и слободата на изразување, што не ни се случи ниту во претходниот режим. Сè додека нашата држава има за цел членство во НАТО и ЕУ, функционирањето на владеењето на правото во Тетово не го докажува истото. Го повикуваме Премиерот, медиумите и дипломатскиот кор да извршат притисок врз Општина Тетово да го почитува уставот и правата на граѓаните за слобода на изразување“, реагираат здруженијата.
















































