• Latest
Петрит Сарачини

Локални избори: Што ќе одлучи, „националните“ теми и валканата пропаганда, или конкретната локална понуда?

September 5, 2021
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Локални избори: Што ќе одлучи, „националните“ теми и валканата пропаганда, или конкретната локална понуда?

September 5, 2021 20:52
in ИЗБОРИ, ТОП 5
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Иако овие избори би требало да бидат судир на концепти и идеи за локални прашања што најдиректно ги засегаат граѓаните и квалитетот на нивниот живот во непосреднатa околина, веќе се гледа од настапите на дел од политичките актери, но и од медиумските наративи, дека неколку крупни „национални прашања“ повторно ќе ја доминираат изборната реторика.

Во дигиталната ера, време кога политичките актери се во перманентна кампања а не само за време на изборите, тешко ќе биде и локалните избори да се одвојат од дебатите за жешките национални, па и светски прашања.

Договорот од Преспа, ветото од Бугарија, пописот, меѓуетничките бројки и односи итн, КОВИД-пандемијата, поларизацијата по однос на вакцинирањето, состојбата во Авганистан и бегалците… Овие теми, некои од нив актуелни со децении, се чини дека ќе доминираат, особено во меѓусебните напади на партиските пропаганди.

Пред сè и над сè, тука е сè уште „прашањето на името“, и живата дебата (и пропаганда) за она што се случи во 2018 година со Преспанскиот договор, Референдумот и уставните измени, со кои беше решен тридеценискиот спор со Грција, а Северна Македонија влезе во глобално најмоќниот воено-политички сојуз НАТО.

Ќе се дебатира и за односите со Бугарија. На патот кон ЕУ по Преспа, ситуацијата сега е поинаква но не многу подобра – има формална одлука на ЕУ,  но нема датум за старт на преговорите поради нова пречка – ветото од Бугарија, иако, пред 4 години, и двете држави потпишаа меѓудржавен договор за пријателство, добрососедство и соработка.

Овие прашања, освен во контекст на успесите што ги признава цела меѓународна заедница и зад кои стои мнозинство од гласачите во земјава, и понатаму ќе се врамуваат негативно, доминантно во „идентитетската“ димензија, и ќе служат за создавање на поларизација меѓу граѓаните преку жестока медиумска пропаганда.

На нив, ќе се надоврзат и други долгогодишни етнички теми, кои исто така создаваат делби и конфронтации во општеството, пред се меѓу Македонците и Албанците. Интересното и новото во тоа е дека, овој пат, за првпат копјата ќе ги вкрстат две целосни мултиетнички коалиции.

Тоа можеби ќе го испразни „етничкиот“ набој. Или пак, што е далеку поверојатно, етноцентризмот ќе се користи активно и масовно и во кампањата, особено од оние што се, и по 20 години, против Рамковниот договор и решенијата кои доведоа до поголема рамноправност меѓу припадниците на помалкубројните народи во земјава со македонскиот народ.

Пописот, две децении стара болка на македонското општество и институции, којшто очигледно ќе се етнизира, политизира и бојкотира од некои радикални политички структури, ќе биде исто една од доминантните теми и во изборната битка меѓу партиите, и на терен, но и во медиумите и на социјалните мрежи. Тоа ќе биде така не само поради временската блискост на пописот и изборниот процес, туку и затоа што бројките на Македонците и Албанците, а и колективните права кои пропагандата погрешно ги врзува со пописот, се „евергрин тема“ во македонското општество, со децении.

Оттука, стои фактот дека присуството на две големи комплетно мултиетнички коалиции во изборниот натпревар би можел да придонесе дел од „националните“ теми да изгубат на „експлозивност“, но можеби тоа ќе биде благ ефект, само меѓу овие две коалиции, и тоа не во сите случаи – нападите меѓу нив за тоа кој е „патриот“ а кој „предавник“ продолжуваат и ќе продолжат.

Притоа, да не заборавиме дека некои помаргинални но радикални политички актери таа комуникација и тие теми ги сметаат за дел од нивните најважни стратешки комуникациски правци, преку кои мобилизираат гласачи, претежно од радикалниот десен кампус. Тие ќе бидат тука „задолжени“ да го одржуваат „полнењето“ и огнот на меѓуетничките и внатреетничките поделби, надевајќи се дека од тоа ќе остварат политички ќар.

Од друга страна, има мобилизација и во полибералниот дел од општеството. Големата бројка независни листи и кандидати влева дополнителна надеж за промена на јавниот дискурс во полза на решавање на конкретните, локални проблеми. Многу од проценките велат дека натпреварувачите од помалите коалиции и независни листи во изборната трка немаат многу што да бараат во судирот на двете големи коалиции, иако, има места каде тие може (не)пријатно да ги изненадат „големите“.

Сета оваа јавна дебата, големата присутност и доминација на овие теми, секако дека ќе влијае при носењето на одлуките на граѓаните. Дали влијанието ќе биде пресудно, или пак ќе одлучат резултатите и понудата за решавање на локалните проблеми, ќе се види на изборите за нешто повеќе од месец дена. Ќе биде тоа уште еден тежок тест – за зрелоста на гласачите.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ