• Latest

Лончар: На компаниите што користеа субвенционирана струја, а не ги намалија цените да им се земат парите

February 22, 2023

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Лончар: На компаниите што користеа субвенционирана струја, а не ги намалија цените да им се земат парите

February 22, 2023 15:11
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Сите сме потрошувачи, плаќаме ДДВ, ја полниме касата и од нас овие производители ги добија бенефициите. Ситуацијата со цените на пазарот е неиздржлива и државата мора да преземе итни мерки – вели претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова.

Бојкот за купување на одредени производи кои се енормно поскапени не е решение, сметаат од Организацијата на потрошувачи, особено кога се работи за основните прехранбени производи, како што е млекото. Тоа би ги загрозило децата кои во најранливата категорија и не би ја постигнало целта, вели претседателката Маријана Лончар Велкова.

Но, таа е ригорозна дека на компаниите кои ветија дека ќе ги намалат цените ако им се даде поевтина струја и не го сторија тоа, треба да им се земат парите и да се вратат во Буџетот. Лончар Велкова, стои на претходно искажаниот став дека замрзнатите маржи не ја постигнаа целта, а подобра солуција било плафонирањето на цените кое траеше до март 2022 година.

Претседателката на ОПМ, смета дека ако се слушаат најавите за падот на струјата, репроматеријалите и амбалажата, тогаш нема логика за нови поскапувања, иако производителите и трговците секогаш ќе најдат оправдување.

Владата навистина треба да размисли за да се заштитат граѓаните, треба да направи нешто посериозно. Јас лично се изненадив кога рекоа дека ќе престанат да им даваат субвенции на компаниите. Не треба да престанат, треба да побараат да им ги вратат парите за субвенционираната струја и ние тоа го бараме. Да побараат, тие пари што ги дале, да им се вратат назад, како што даваа субвенции за фирмите па не завршија кај работниците. Со тие средства може да субвенционираат да имаме „зелена енергија“, нека субвенционираат за луѓето да имаат помали сметки за струја. Ако сте се прашале колку субвенции даваат за тоа, ништо – „прв дојден, прв услужен“, значи нема енергетска ефикасност тука, а треба да се гледа и квалитетот на производот – рече Лончар Велкова.

Според неа, граѓаните трошат пари, плаќаат ДДВ и од нив производителите ги добија бенефициите.

Од ОПМ информираат дека секојдневно добиваат поплаки од граѓаните, можеби не конкретно за цените на храната или за сметките за струја, но се повеќе има револт од фактот дека една цена е на рафт, а друга на каса. Оосбено критики има за намалување на грамажата и тоа на пакуваните производи.

-Тоа е двојно поскапување. Едно е преку цената, а другото е со намалената грамажа. Тоа е огромен проблем, кој не е локален. Трговците и производителите не треба да се грижат само за профитот и постојано да наоѓаат оправдувањата за растот на цените. Замрзнување на маржите не е решение, подобро беше плафонирањето на цените, иако и тогаш имаше нефер трговска пракса, па преку ноќ исчезнаа одредени производи – додава Лончар Велкова.

 

Tags: Казнимирјана лончар велковаорганизација на потрошувачоструја
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ