Непотпишан леток со повик на бојкот на претстојните избори и обвиненија на сметка на политичките партии на Албанците и против Зоран Заев и Мухамед Зеќири од СДСМ, се појави на неколку улици на Куманово. Според упатените, веројатно се работи за маргинална група која е разочарана од текот на реформите, но која лесно може да биде злоупотребена во политички и изборни цели. Граѓански новинар од Куманово ни испрати фотографија од овој леток, од чија содржина ви пренесуваме само еден дел.
Ослободителна Национална Армија, УЧК
Поздрав до Али Ахмети, Алијанса за Албанците и Беса,
Вие и вашата Платформа, го газевте статусот на семејствата на мачениците, инвалидите и ветераните на ОНА. Албанците од Куманово немаат гласови за оние кои го предале аманетот.
Ние Албанците од легендарното Куманово сме мобилизирани, за да не гласаме за ДУИ, за Алијанса за Албанците и за Беса (подмолна, потчинета), поради тоа што истите во албанската Платформа не го предвиделе Законот за ветераните од ОНА и го предале аманетот на Албанците.
Кумановци денес се потполно свесни и убедени дека ДУИ, Алијанса за Албанците и Беса (подмолна, потчинета) не треба да бидат гласани, во чест на крвта на мачениците, инвалидите и ветераните на ОНА.
(…)
Немаат глас за соработниците на Славомакедонците. Немаат глас за Зоран Заев, Али Ахмети, Зијадин Села, Беса (подмолна, потчинета) и Мухамед Зеќири.
Овој пат ќе убиваме, најсигурно убиство е да ги убиваме овие предавници со нашиот глас.
Најуспешниот атентат и без двоумење – смртоносна е одлуката да не гласаме за предавниците на аманетот.
Мачениците, инвалидите и ветераните на ОНА, нè одбранија со најценетото (нивниот живот и крв), ние треба да го возвратиме долгот и да им излеземе во пресрет, да не ги гласаме уште еднаш со нашиот глас.