Тие се 7/8 настани кои се одбележуваат, и секогаш сé поинтензивно и поинтензивно, а оваа година мислам кулминацијата беше што некако, друг пат не сум го забележал, или ги поместуваат деновите, овој пат се поклопи 100% со 8 септември, Ден на државноста на Македонија. Така што ние имавме во еден момент два државни празника во Македонија, тоа беше славење на окупацијата на Кајмакчалан, и втората работа, прослава на македонската државност, тоа е иронија, посочува Љубчо Георгиевски, претседателот на ВМРО Народна партија, за ЦивилМедиа по повод зачестеното чествување на српски воени датуми со присуство на српски функционери на територијата на Северна Македонија, вклучително и последното на министерката за труд и социјална политика на Србија која ја прогласи земјава за српска територија.
Втората работа според Георгиевски, е што овој пат имаме и проширување со спомен плоча во Новаци, јас не знам таа спомен плоча или е дивоградба, или власта на ВМРО-ДПМНЕ има дадено дозвола.
Знаеме колку знаеме да бидеме патриоти кога Албанците треба да стават некој споменик, или Бугарите, цела Македонија се крева, тука имаме револуција на изјави, а сега на еден докажан македонски асимилатор српски четник, војвода Вук, спомен плоча му се става и нема никаков проблем.
Драган Мишев