Повод: Заканите со бомби и губењето часови надвор од безбедносните протоколи (првата закана со бомба беше на 26 октомври)
Јас, како наставник кој е страшно изреволтиран од глупоштијата која секојдневно нè опкружува, не можам, а да не реагирам на идиотизмот и реакцијата на надлежните околу најавите за поставени бомби.
Мојата проста логика е дека група деца-хакери, не научиле хемија на време, па решиле да се зафркаваат со цела нација.
Ок, имало дојава на бомба денес, дошле 50 специјалци и у/виделе дека нема. Се поздравиле и си отишле, со особено внимание на тоа никој да нема во близина на школото, за некој комотно да може вечерта да стави нова бомба за следниот ден пак да нема часови.
Што им е на луѓево, дали сите се отидени со паметот?!
Патем, ако има вечерта полиција на стража, па дури и следниот ден секој од учениците да биде проверен, секако е подобро од губењето на часовите, стресот на децата и родителите, хаосот во сообраќајот итн. итн. Или можеби друга е поентата?
Авторот е просветен работник