пишува: Петрит Сарачини
МВРО-ВМРО. Уредувањето на целиот дел од ГТЦ до плоштад, со дрвореди, клупи, канделабри, плочници и голем тревник… го претставија лажно како „еден тревник за 500.000 евра“ и дигнаа цела медиумска хајка од три дена.
Инаку, 500.000 евра потрошија само на исушените палми.
800.000 евра ги чинеше само еден споменик-коњаник од крџа-бронза, „насадија“ десетици такви.
250.000 евра наши пари платија за три врби насадени во бетон среде река.
Парчето од плоштадот за кое врескаат сега, местото на родната куќа на Мајка Тереза – го продадоа за џабал’к, за изградба на зграда од 20 метри – демек „шпански скали“.
Го масакрираа зеленилото, секаде на плоштад и каде што можеа во цело Скопје.
Како велеше Ставрески. „Ние сме лудаци“