• Latest

Лудва: Реформите се темелот, ако не ги спроведете не можете да одите напред на патот кон ЕУ

October 14, 2022

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Лудва: Реформите се темелот, ако не ги спроведете не можете да одите напред на патот кон ЕУ

October 14, 2022 18:02
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Чешка отсекогаш била силен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот европски пат и среќни сме што за време на нашето претседателство земјата ги почна преговорите со ЕУ, што е долг и тежок процес. Реформите се во основата на овој процес и ако не ги спроведете не можете да одите напред на патот кон ЕУ, кажа чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва, чија земја е актуелен претседавач со Унијата, на брифинг со новинарите.

Тој нагласи дека земјава има суштинска потреба да продолжи со реформите. Вели дека тука има два важни елемента, еден од нив се реформите, а другиот е конструктивен политички дијалог и тоа е она што е суштинско и сите треба да бидат свесни за важноста на европскиот пат тоа е долг пат и сите треба да соработуваат меѓусебе.

Во однос на тоа колку е оптимистична агендата на власта во 2030 година Северна Македонија да стане членка на ЕУ, вели дека никој не може ништо да гарантира, но се е возможно.

Според него, има повеќе опции на масата, а осум години се разумна временска рамка, бидејќи некои земји преговарале подолго, а некои пократко.

Тој рече и дека некогаш се менува и политичката ситуација, но во случајот со Северна Македонија, оценува Лудва, важно е земјава да продолжи со реформите. -Реформите се темелот, ако не ги направите, не можете да одите напред, дециден е чешкиот амбасадор.

Лудва оцени дека Северна Македонија досега добро напредува со реформите, но мора да го одржи тој чекор. -Како што ќе напредувате на патот кон ЕУ, така е потешко да имате натамошни блокади кон тој пат. Затоа е потребно пообрување на добрососедските односи, кои започнуваат од долу нагоре, од соработката меѓу невладиниот сектор, оцени тој.

Лудва најави дека како Амбасада ќе организираат неколку конференции за Северна Македонија и добрососедските односи, особено за подобрување на дијалогот со Бугарија, заедно со чешката Амбасада во Софија.

-Ќе имаме неколку конференции, една во Скопје, една во Софија, и една во пограничните градови Петрич и Струмица, фокусирани врз подобрување на дијалогот, подобри соседски односи, размена на искуства со Бугарија која веќе го помина патот за во ЕУ, предностите на заедничкиот пазар меѓу двете соседни земји, особено во полето на трговијата и инвестициите. Првата конференцијаќе се одржи в понеделник во Софија, втората во Скопје на 20-ти октомври, а преостанатие две во Петрич на 31 октомври и во Струмица на 1 ноември, информира Лудва.

Тој од овие конференции очекува подобро меѓусебно разбирање, добри соседски односи и особено размена на искуства во повеќе области, фокусот ќе биде на меѓусебна соработка меѓу невладините организации.

На прашањето како го оценува сегашното ниво на односите меѓу Скопје и Софија, Лудва рече дека ништо на светот не е совршено, но секогаш се може да биде подобро и оти гледа простор за соработка, која што, вели, ќе се обидеме да ја подобриме уште повеќе.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ