• Latest
Добро утро со Орданоски

Лулашката на која се нишаме

June 6, 2018
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Поранешен австралиски политичар осуден на повеќе од пет години затвор за сексуални злосторства

October 31, 2025

Притвор за тетовец кој се заканувал со убиство на жена и партиски функционери на Фејсбук

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Лулашката на која се нишаме

June 6, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”48″]П[/dropcap]о официјалната најава на опозицијата дека на пролет ќе бара и вонредни парламентарни избори, заедно со претседателските, Македонија би можела да се именува како вонредно-изборен шампион во Европа! За 27 години, 21 избори на различни нивоа, скоро половината вонредни.

Практично, во оваа држава нема таков кој посакал, а порано или подоцна не станал пратеник, градоначалник, општински советник, па дури и министер. После Италија (која е убедлив светски шампион!), веројатно држиме силно второ место по број на влади во изминатите 27 години (на пример, меѓу 2002 и 2006, СДСМ промени дури тројца премиери!), држиме рекорд за министер со најкус стаж (оној потрчкото на Грујо во МВР пред некоја година, со психијатриско лекарско уверение, кој остана на функцијата помалку од 24 часа!), а сигурен сум дека и Амди Бајрам држи некаков неславен европски рекорд кога е аморалната трговија со пратенички мандати во прашање.

Сепак, оваа потреба од постојани предвремени проверки на политичката поддршка на граѓанството кон партиските формации во државата базично произлегува од еден невесел феномен во Македонија: ние сме политички длабоко и релативно рамномерно поделено општество, особено во најголемата етничка заедница, помеѓу идејата моделот на државата да се гради како етно-национална творба, со посебни заштити и права за малцинствата; или како мултиетничка демократија во која сите, без разлика на своите општествени етно-религиски идентитети, ќе бидат третирани како рамноправни граѓани во заедничката држава. Тоа е лулашката на која се нишаме сите овие години.

Заборавете што вели Уставот – оваа шизофрена политичка дебата, со помала или поголема жестина, се одвива непрекинато три децении во посткомунистичка, демократска Македонија и постојано води до потреба, заради практичните последици од спроведените политики, од чести изборни проверки на расположението на гласачите. Па, ние не сме имале речиси ни едни избори кои не биле окарактеризирани како историски!

Тоа е резултат и на фактот што во триесетината години зад нас, општеството ни е во постојана „афтер-шок“ фаза по некаков преживеан политички или безбедносен земјотрес во Македонија или во нејзината непосредна околина, во што спаѓаат атентат врз еден и трагично загинување на друг претседател, масивни мигрантски кризи, вооружени конфликти од помал и поголем обем, обид за државен удар, неколку политички скандали со тектонски димензии, темелни идентитетски и територијални проблематизирања, големи демонстрации, континуирани протести, една (шарена) револуција итн.

А интеграцијата во ЕУ и НАТО, таа современа формула за стабилност и просперитет, таа општествена панацеа – имагинарниот лек кој има моќ да ги залечи сите болести и да обезбедни вечен живот – ни е секогаш на дофат, но никогаш достижен. Таман ќе дојдеме до светло на крајот од тунелот – бупете-бапете-трааас-ка-бууум!, и некоја најнова општествено-политичка катаклизма ќе нè оддалечи од посакуваната цел и ќе нѐ врати со години назад во процесот.

Одговор на тоа? Па, нови избори, се разбира! Давај! Да се преброиме, кој пат ќе го фаќаме!

Така е и со оваа најава – а можеби и дискретен договор меѓу Заев и Мицкоски – на пролет повторно да се оди на вонредни парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со цел мандат седење во опозиција, после долги години на власт и паѓањето од таа власт на вратоломен начин. СДСМ, пак, ќе има потреба од проверка на легитимитетот на својата политика и да дојде и да не дојде до решавање на проблемот со името и напредок во евро-интеграциите.

Значи, пак имаме нужда од некаква скорешна изборна општествено-политичка катарза. Затоа и верувам дека и следните парламентарни избори во Македонија, ако ги има на пролет, ќе бидат, ами како – историски!

А Хорхе ќе биде само патемна жртва на тој изборен контекст, бидејќи него одамна никој сериозен за ништо не го есапи.

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избори
Share112Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ