• Latest

Лулката на власта, високо на небото

January 9, 2019
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Лулката на власта, високо на небото

January 9, 2019 11:27
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Луѓето ја чувствуваат својата моќ како гласачи. Веројатно, тоа е нивната последна, ако не и единствена граѓанска линија на одбраната. Се разбира, на располагање им се и улиците, но тие веќе со месеци се окупирани од празните шатори, клупите откорнати од блиските паркови и радикалните националисти.

Џабир Дерала

И Фејсбук е под опсада од верски фанатици и билмези, четници, комити, неонацисти и балисти. Така, збиени во тесните маргини на општеството, граѓанките и граѓаните, последното прибежиште го гледаат во својот глас. Тоа е просторот од каде што тие можат да испраќаат громогласни пораки до политичарите.

„Нема веќе никој да ме натера да излезам на гласање!“ ми вели сопственикот на едно тобако. Луѓето се гневни и разочарани од сите. На едните, поради украдениот живот, насилството и грабежот, на другите поради неисполнетите ветувања за правда и еднаквост. Од сите заедно – поради корумпираноста. Колку и да (не) се одушевени од премиерот Заев, колку и да (не) се свесни за сите компромиси што Заев мора да ги направи со сите лешпери и опортунисти што ја облетуваат народната каса… Едноставно, граѓанките и граѓаните не можат да прифатат дека делот од власта што го чувствуваат за свој, стана речиси исто толку лежерен (читај корумпиран) кон нивните стремежи и вредности што ги споделуваа на улиците додека го уриваа Грујо Серекеш.

„Добровечер, ја читам твојата најтазе колумна и се прашувам дали ја читаат тие што треба да ја прочитаат. Многу твои колеги следам, секое интервју, анкета, дебата… И мислам дека и најдобра власт да „увеземе“, ќе ја „македонизираме“ со приказната за кубурот и Македончето.“ – ми пишува еден сопственик на значајна компанија во земјава. „Новинарите се сериозно одговорни за овие состојби“ – продолжува тој во нашата преписка и поентира: „Куќата е поставена на својот покрив. А сите ние треба да одиме на раце, ако сакаме сликата од надвор да биде нормална“.

Речиси истовремено, една интелектуалка ми напиша: „Што беше тригер за твојот фаталистички текст? Јас одамна имам чувство дека Македонија нема да опстане и дека дигам раце, ама тој сентимент не беше толку присутен во твоите писанија, беа повеќе бунтовнички од депресивни… Премногу долго го оставивме Груевски на власт. И точно таа летаргија, за која пишуваш, ќе отера уште повеќе луѓе во јабана, со горчлив вкус во устата (со тутун или без него)“.

Немам добар одговор на сето тоа. За жал. Но, секогаш оставам простор нештата да тргнат кон подобро. Зависи од нас. Од сите нас.

Зависи токму од моќта на гласањето, што секој од нас ја има. Се разбира, освен ако не нѐ избришат од Избирачкиот список и додадат некој фантом, наместо нас. Сосема е разбирливо разочарувањето да се преточи во апстиненција од гласањето, без оглед на антинационалистичките и проевропските убедувања на луѓето. Но! Не сум убеден дека тоа е најдобриот начин да ѝ се врзе машна (испрати порака) на корумпираната политика.

За жал, сите сме ставени во позиција меѓу чеканот и наковалната. Дури и оние измрзнати националисти, наши сограѓанки и сограѓани, што немо зјапаат во предвреме потрошениот и хистеричен Мицкоски, сакаат подобар живот за себе и своите семејства. Под услов да се етнички „подобни“, разбира се… И тие, кутрите, шепотат меѓу себе дека „не ја бива работата со вакво вемеро водство, никакво, составено од криминалци и лудаци“ (зборови на загреани ВМРО-вци), ама не знаат што да прават со стравовите што им ги всадија долгите години црна пропаганда (која трае). А и парички има и би имало уште повеќе, ако пак се доберат до власт „нивните“. Знаат и тие дека Русија е зла маќеа, но посилен од сѐ е притисокот врз нив што непречено (амнестирано) го вршат деструктивните центри на моќ врз нив.

А од другата (побројна) страна се сите „обични“ луѓе што ги сакаат „обичните“ нешта – правда, слобода, еднаквост. Притиснати од очајот, од неизвесноста, од незадоволството… Од неспособни, а лакоми политичари. И… Сите тие грди агитпроп креатури платени со парите потемнети од крвта на ограбениот народ…

Луѓето го имаат пенкалото в раце. Ако тие, многубројните, апстинираат, ќе гласаат измамените, исплашените, поткупените и притиснатите. Дури тогаш, го обравме бостанот.

Ги гласаме за да гласаат во наше име, да нѐ претставуваат… Ги гласаме сите тие „велики“ парламентаци да седнат и да ја завршат работата, да го остават личниот и партискиот интерес на страна за миг и да покажат мудрост и добра намера, макар и не биле мудри и добронамерни, да ѝ го истапкаат патот на Македонија кон иднината…

Неее, сега е јагмата! Да се приберат пари, моќ, позиции! Сега е мигот кога треба да го уценуваат Заев, а всушност го уценуваат својот народ, своите гласачи! А другиве (актуелниве), знаејќи колку претходните се чурук, се лулаат во облаците на власта, високо на небото…

Ќе пукнам од мака.


Илустрација: Pawel Batura – „Bridge to Nowhere“

Фотографија од авторот: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

 

Share48Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ