„Го видовме започнувањето на Зелената агенда во 2020 година, за подобрување на зелената трансформација на регионот. Воспоставивме регионален фонд за младинска соработка со RYCO, имаме седум работилници кои поставуваат патоказ за иднината, како што штотуку слушнавме. Многумина од вас се соочуваат со ограничувања од многу тежок контекст, смалување на просторот за граѓанското општество, недостаток на финансии и уште полошо, заплашување и конкретни закани кои во денешно време не се невообичаени, како што забележуваме во моментов на пример во Србија“, изјави Ана Лурман, Државен министер за Европа во Германското федерално министерство за надворешни работи, на „Подготвителниот форум за граѓанско општество и тинк тенк форум“ 2024 во Берлин.
Лурман зборуваше и за за заложбата на Берлинскиот процес и местото на Западен Балкан во Европската унија.
„Западен Балкан има свое место во Европската Унија, а Германија е покрај вас да го придружува на оваа важна патека. Берлинскиот процес се залага за овој пат со различни формати на соработка и дискусии, а патот до ЕУ, како што сите знаете, не е само вежба за штиклирање на некои полиња. Вашата работна група не потсетува дека додека не можеме да ја промениме историјата, секако дека заедно можеме да ја обликуваме иднината. Заедно да го продолжиме ова патување напред кон иднината каде што Западен Балкан ќе го заземе своето место во ЕУ“, изјави Лурман.
Форумот за граѓанско општество и тинк тенк има за цел да формулира, презентира и дискутира за препораки за политики за теми клучни за Западен Балкан.
А. М.
(ВО ЖИВО) Форум на НВО и тинк-тенк организациите во Берлин: 10 години Берлински процес