• Latest

Мајките што не сакаат да одат на работа под критика на оние кои работат

September 17, 2020

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ

Мајките што не сакаат да одат на работа под критика на оние кои работат

September 17, 2020 13:48
in ВЕСТИ, МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

За и против пуштање деца во градинка и училиште, враќање на работа на родителите на деца до 6 години, мерки на Владата и загрижени родители… полемиката попладнево ќе се пренесе на улица со протест и покрај владиното образложение за потребите од отворање на градинките, како и изјавите на министерот за здравство дека пандемијата најмалку ќе биде предизвик уште една година.

Полемиката се префрли и на социјалните мрежи. Не сите мајки се против владината одлука и со поддршка на мајките што сакаат да останат дома и да си ги чуваат децата, отколку во време на пандемија ги вратат назад во градинка. Со оглед дека градинката не е задолжителна, полемиката е кој ќе им ги чува децата додека тие се на работа?

По разните групи на Фејзбук може да се забележат коментари од типот: „реално, кога можеше се да се отвори можат и училиштата, нас кој не чувал кога сме биле деца?“, „небулозно е да не се отвораат училиштата. Враќањето на работа се однесува на администратвците, ние во приватниот сектор одамна работиме“, „дали знаете дека мајките, медицинаски лица, цело време одеа на работа, поради дефицит на кадар, немаа годишен одмор (или имаа по една недела), прашајте ги како се снаоѓаа со чување деца… или мајките во приватниот сектор и фабриките… “, „ако имаме потреба од работа ќе се снајдеме за чување деца, колку паразити има оваа земја, сè сакаме друг да ни ги реши проблемите, а ние само да критикуваме…“

Мајките на деца до шестгодишна возраст за денеска во 17:30 најавија протест пред Влада поради одлуката да им се прекине породилното отсуство и да се вратат на своите работни места. Министерот за здравство Венко Филипче смета дека тие треба да се вратат на работните места, затоа што со вирусот ќе мора да живееме и цел 2021 година и тоа ќе биде нашиот живот. Од Влада велат дека мерката е донесена во координација со Комисијата за заразни болести. Согласно Протоколот, велат од Влада, приоритет за згрижување во градинките имаат децата на самохраните родители и децата на двајца вработени родители, со што се исклучува секаква можност децата да останат без соодветна грижа и нега.

Одлуката сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, да се вратат на работа почнувајќи од 23 септември сега за сега останува на сила.

Б. Јордановска

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ