Компанијата „Епл“, откако неколку години по ред беше на првото место на листата на компании со најголема пазарна вредност, повеќе не е на врвот. Најголемиот светски произведувач на софтвер, „Мајкрософт“, по неколку години ја турна компанијата „Епл“ од првото место.
„Мајкрософт“ во последно време постигнува одлични финансиски резултати, а со падот на вредноста на акциите на „Епл“, компанијата сега се искачи на првото место како компанија со најголема вредност во светот.
„Епл“ е првата компанија чијашто вредност надмина милијарда долари.
Во текот на летото доста се пишуваше за Apple како прва компанија, чија вредност надминала билион американски долари.
Цената на акциите на Apple тогаш изнесуваше 207 долари за потоа да скокне на сума од 231 долари, но потоа беа претставени годинашните iPhone уреди, кои се чини не ја доживеаја популарноста во јавноста која ја очекуваа во компанијата од Купертино (посебно што се однесува до побарувачката на воведниот модел iPhone XR).
Оваа недела тоа значајно влијаеше на финансиските резултати на Apple, па вредноста на нивните акции падна на 172,2 долари, што значи дека вкупната вредност на акциите на компанијата падна на износ од 746 милијарди долари.
Компанијата „Мајкрософт“, која во последно време бележи многу добри резултати, сега вреди 753 милијарди долари.