• Latest

Граѓанин од Македонија е осуден поради Фејсбук статус против Ердоган!

August 25, 2017

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Граѓанин од Македонија е осуден поради Фејсбук статус против Ердоган!

August 25, 2017 11:31
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Спорна е одлуката на македонскиот суд… Замислете, кривични пријави сега да се покренат против сите граѓани кои деновиве, на социјалните мрежи пишуваа во негативен тон за Вучиќ и Дачиќ, на пример…“, вели за ЦИВИЛ Медиа, адвокатот Александар Тортевски, по повод пресудата против македонскиот граѓанин

Судот во Скопје пресуди дека поради навреди на социјална мрежа упатени кон претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, лицето Е.А. кое има македонско и турско државјанство, ќе мора да плати парична казна од околу 400 евра.

Судскиот процес беше покренат по кривичната пријава од амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, кон крајот на минатата година, јави турската агенција „Анадолија“. Во пресудата се наведува дека обвинетиот, во ноември 2016 година, преку својот профил на социјална мрежа „објавил иронични изјави и упатил навреди кон лидерот на една странска земја“.

Според членот 181 од Кривичниот законик, предвидена е парична казна за „тој што со намера за исмејување јавно ќе изложи на подбив странска држава, нејзино знаме, грб или химна или шеф на држава или дипломатски претставник“.

Еминентниот македонски адвокат Александар Тортевски, по повод ваквата судска одлука, за ЦИВИЛ Медиа, изјави: „Не сум ја видел пресудата, за што конкретно е осуден граѓанинот. Но, спорна легитимацијата на амбасадорката, зашто таа е претставник на Република Турција, а не е претставник на господинот Ердоган. За амбасадорката да поднесе кривична пријава, треба да има полномошно… Спорна е и одлуката на македонскиот суд. Замислете, кривични пријави сега да се покренат против сите граѓани кои деновиве на социјалните мрежи пишуваа во негативен тон за Вучиќ и Дачиќ, на пример, по повод повлекувањето на дипломатскиот персонал од српската амбасада!?“

Но, доколку, осудениот Е. А. не ја плати паричната казна од 24.600 денари за објавувањето на „иронични изјави и упатувањето навреди кон лидер на една странска земја“, ќе мора да „одлежи“ затворска казна.

Наспроти веста за судската пресуда во Скопје, германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел,  во интервју за германскиот весник „Билд“, изјави дека „Турција никогаш нема да стане членка на ЕУ се додека со неа управува Реџеп Таип Ердоган“.

Според Габриел, „земја (Турција – н.з.) која ја ограничува слободата на говорот, затвора невини луѓе и ја потиснува опозицијата, не може да стане дел од ЕУ… Јасно е дека во оваа состојба, Турција никогаш нема да стане членка на ЕУ. Не затоа што ние не сакаме, туку затоа што турската Влада и Ердоган брзо се оддалечуваат од сè кон што се стреми Европа“

 

Tags: Александар ВучиќАлександар ТортевскиЗигмар ГабриелИвица Дачиќмакедонски државјаниносуденРеџеп Таип Ердогантурција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ