Македонија го започна билатералниот скрининг во Брисел. Главниот преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, по завршувањето на првиот дел од состанокот за Поглавјето 5, „Јавни набавки“, кое се наоѓа во рамки на Кластерот 1, „Фундаментални вредности“ – смета дека процесот тече според предвиденото и оптимистично најавува забрзани реформи, пренесува 24.мк.
– Тоа ќе ни даде една целосна слика колку сме успешни, каде имаме уште многу работа, и во кој временски рок можеме да ги заклучиме преговорите. Имаме многу енергија, имаме многу знаење и многу работиме за да дојдеме до зацртаната цел, членство во Европската Унија до 2030 година. – изјави Бојан Маричиќ вицепремиер за европски прашања.
Билатерланиот скрининг значи дека Македонија во следните 12 месеци во Брисел ќе го презентира своето законодавство и што има сработено досега. Откако ќе се заокружи процесот, Брисел изготвува скриниг извештај кој детално ќе ги покаже деталите во усогласеноста со системот на ЕУ и според тоа како треба да се водат преговорите во иднина. Државниот советник за европски политики Тилев во интервју за емисијата ЕВРОПАТ вели дека 45 отсто усогласеност со европското законодавство не е мал процент и смета дека земјата има добра стартна позиција.
Но, додека Македонија презентира реформи во Брисел и спрема терен за уставни измени , колку официјална Софија може да делува и на завршниот скрининг извештај..
– Коректно е Вашето прашање и реферирањето на годишниот извештај затоа што годишниот извештај сега ќе ги вклучува и скрининг елементите, односно извештајот од скруининг елементите. Тој ќе биде многу побогат, ќе биде многу подетален, ќе биде многу попрецизен, поконкретен. Така што извештајот на Европската Комисија од следната година или годините потоа, ќе биде многу попрецизен и ќе мораме да го следиме, затоа што тој ќе биде составен дел на пристапните преговори. Вашето прашање за тоа колку Бугарија може да влијае. Бугарија е земја членка на Европската унија и се разбира дека може да влијае од сите аспекти. – изјави Драган Тилев државен советник за европски политики.
Тилев вели дека сега може одредени држави и тоа не само Бугарија туку и некои други – да го стават прстот на одредени елементи за кои што тие сметаат дека се од нивен национален интерес. Македонија има два меѓународни договори, а
Амбициозниот план на македонската влада е до крајот на следната година ,да заврши скринингот, Македонија да направи уставни измени , а преговорите со ЕУ да ги заврши до 2030 година.