• Latest
Фото; Фејсбук

Македонија гори: Пожарникарите 38 дена без одмор, продолжува борбата против шумските пожари

August 16, 2024

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НЕПОГОДИ

Македонија гори: Пожарникарите 38 дена без одмор, продолжува борбата против шумските пожари

August 16, 2024 08:58
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ, ТОП 5
Фото; Фејсбук

Фото; Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Борбата со пожарите на отворен простор продолжува. Пожарникарите веќе 38 ден се без одмор и според информациите на Центарот за управување со кризи, последен ден без ниту еден активен пожар на територијата на државата е 8 јули. Само во август биле изгаснати 370 пожари на отворен простор низ целата држава.

Вчера во попладневните часови започнаа четири нови шумски пожари. Според директорот на ЦУК  пожари избувнале во Ресен и Охрид на Галичица, на планината Лубин кај селото Цер, во месноста викана Клепало, Беровско и во месноста викано Чупино Брдо кај кривопаланечкото село Луке.

Како што пренесува МИА, од вчера во справувањето со пожарите повторно е вклучена и Армијата, додека на двапати беше активиран и ЕУ-механизмот за помош. Пожарникари, авиони, ер-трактори и опрема испратија Германија, Унгарија, Кипар, Словенија и Србија.

Двата хеликоптера од составот на воздухопловниот ВИНГ кои од утрината се ангажирани во гаснењето на пожарот на планината Серта досега имаат фрлено 44 тони вода, информираа попладнево од Генер

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите. Одлуката, како што информира од претседателскиот кабинет, е согласно Законот за управување со кризи, по донесената Одлука на Владата од 13 август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата.

Премиерот Христијан Мицкоски, порача дека нема да се случи сценариото со пожарите од 2021, кога дрвја од Малешевијата и Пијанец завршија во стоваришта и најави законски измени.

Тој вели дека има закон што е функционален и со дивата сеча, но и со регуларната и тоа се планови што ги прави ЈП „Национални шуми“.

На последната седница на Владата, повтори Мицкоски, донесена е одлука за парична помош, „односно за вонреден трансфер на средства потребни за гаснење на пожарите до ЦУК околу 10,5 милиони денари и до Дирекцијата за заштита и спасување 41 милион денари.

 

Од опозициската СДСМ побараа итна оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за, како што велат, потфрлањето со пожарите во кои изгоре пет отсто од територијата на државата.

-Тажно е да се гледа катастрофата што се случува со пожарите кои беснеат повеќе од еден месец. Опустошени се 5% од вкупната територија на Македонија! Горат македонските шуми и национални паркови. Досега се изгорени над 1.200 километри квадратни шума. Тоа е 16 пати повеќе во споредба со лани! Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ пофтли целосно во справувањето со пожарите и за тоа мора да има одговорност. СДСМ неколку пати апелира дека Тошковски е целосно неспособен да управува со Кризниот штаб и тој мора да поднесе оставка, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Од 15 јули годинава на сила е целосна забрана за движење во шумите од 06 до 20 часот. Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, забраната ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален.

Оттаму велат дека по барање на „Национални шуми“ е дадена согласност за целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

– Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат, велат од ресорното Министерство.

За непочитување на забраната, на физички лица кои ќе бидат затекнати  ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Според информациите од ЦУК, на 8 јули информираше дека во последното деноноќие (на 7 јули) имало 11 пожари на отворено  и дека сите се изгаснати од пожарникарите и од нив активни утрово нема. Во соопштението, ЦУК упатува апел до граѓаните да не се палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и кога е се посува вегетацијата во природата.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: пожари во Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ