По последните промени на цените на горивата во земјава Македонија се најде меѓу земјите со најниска цена на горивата во цела Европа. Можеби ова е и причината што голем број на граѓани од Албанија, Грција, Србија и Бугарија кои се во близина на граничните премини ги запоседнаа нашите бензински пумпи, објавува Центар.
Во Македонија во моментов бензинот 95 се точи за 77,50 денари, еуросупер 98 за 79, 50 денари, а дизелот за 79,50 денари.