• Latest

Македонистиката вклучена во француско-германски проект за мапирање ретки дисциплини

June 25, 2022
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонистиката вклучена во француско-германски проект за мапирање ретки дисциплини

June 25, 2022 09:23
in ВЕСТИ, НАУКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со одлука на научна комисија на француското Министерство за високо образование и истражување, Македонистиката е вклучена во француско-германскиот проект за мапирање ретки дисциплини во Франција и во Германија. Иницијативата за вклучување на Македонистиката во овој значаен проект ја покрена проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро од Институтот за ориентални јазици и култури во Париз (ИНАЛКО), јави дописникот на МИА.

Една од мисијата на државата е да обезбеди развој и заштита на интелектуалното, научното и културното наследство, особено со поддршка на таканаречените ретки дисциплини, вклучувајќи го и бројот на наставници-истражувачи, истражувачи и студенти понекогаш се намалува, иако нивниот научен интерес останува. Тоа е, исто така, поддршка на дисциплини кои се појавуваат и на кои им е тешко да го најдат своето место во институционалниот пејзаж. Затоа е од суштинско значење да се подготви мапа на овие дисциплини кои претставуваат реален потенцијал за виталноста на науките и нивната динамика, посочуваат од француското Министерство.

Тие се однесуваат на сите дисциплински области: јазици, хумани и општествени науки, проучување на древните светови како што е папирологијата или дури и т.н. „тврди“ науки, како што е кристалографијата или новите области на науките за животот.

Се разликуваат три категории на ретки дисциплини: ретки дисциплини затоа што се појавуваат или се менуваат и рекомпонираат, дисциплини кои се инхерентно ретки и ретки дисциплини бидејќи нивниот број се намалува.

Македонистиката во рамките на овој проект, кој покрај Франција и Германија, треба да се прошири и на другите земји и отсега и официјално е препознаена како ретка дисциплина од страна на француското Министерство за високо образование и истражување.

Професорката Пејоска-Бушро објаснува дека аплицирала на проектот затоа што од суштинско значење е македонските студии – Македонистиката да бидат препознаени како „дисциплина“ во време кога македонскиот идентитет (јазик, историја и култура) е загрозен поради негирањето на неговото постоење.

– Затоа, мојата прва цел беше признавањето на Македонистиката како посебна дисциплина. Ознаката „дисциплина“ овде го гарантира постоењето на научно ниво. Мојата втора цел беше да покажам дека интересот за Македонистиката е намален од ненаучни причини. „Ретка“ значи дека има настава, дипломи и истражување на оваа дисциплина, но тоа е ограничено во број на ученици, во број на истражувачи и на места на изучување, додава таа.

Во Франција, ИНАЛКО е единствената високообразовна институција каде Македонистиката се изучува во целосна обука од лиценца до докторатот. Благодарение на научната работа на професорката Пејоска-Бушро за македонскиот јазик, литература и цивилизација и нејзината посветеност на неговата промоција, во 2015 година беше создадена Професорска катедра за македонски студии. Франција е единствената земја во светот која има Професорска катедра по македонистика, надвор од Македонија.

– Во моето пледоаје покажав дека на меѓународно ниво овој интерес постои, но дека со текот на времето се намалува. Намален е бројот на универзитети каде што се изучува македонистиката, намален е бројот на ученици, се намалуваат истражувачките центри и истражувачите кои работат на македонистиката во простор и време. Во моето пледоаје покажав како интересот за македонистиката, кој беше многу важен во 19 век, опаѓа од причини кои не беа научни туку политички – Турската Империја, Балканските војни, светските војни, доцното стандардизирање на македонскиот јазик и тоа што е клучно, судирот меѓу Тито и Сталин во 1948 година. Овој интерес се префрли на бугарскиот јазик или „бугарско-македонски“ јазик, терминологија која почнува да се појавува тогаш. Бугарија беше во источниот блок, додека Македонија беше интегрирана во федерацијата Југославија. Македонија ги претрпе последиците од разидувањето меѓу Тито и Сталин, додека Бугарија имаше корист од овој раскол. Мојата трета цел беше да го добијам лабелот „ретка дициплина“ кој гарантира признавање, заштита, можно проширување на студиите, со помош на финансирања и зачувување на Македонистиката во ИНАЛКО со неможност да се спои со други студии, особено со бугарските, додава Пејоска-Бушро.

Зачувувањето и ревитализацијата на Македонистиката според професорката Пејоска-Бушро ќе придонесе за етничката, јазичната и културната различност, основата на човештвото. Таа објаснува дека старословенскиот, кој основа на словенската писменост и христијанизацијата на Словените на нивниот јазик, e осветен како четврти свет јазик по латинскиот, грчкиот и еврејскиот. Тој не е суштински само за истражувањата на славистиката, но е и извонреден придонес на Македонија во универзалната култура.

Изучувањето на македонскиот јазик во Франција датира уште од шеесеттите години на минатиот век, од 1973 година започна со работа Лекторатот по македонски јазик во Париз, а од  2015 година и Професорската катедра.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ