• Latest

Македонско-бугарската комисија го одржува 12. состанок, Скопје и Софија го координираат датумот за меѓувладината конференција

February 26, 2021
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Македонско-бугарската комисија го одржува 12. состанок, Скопје и Софија го координираат датумот за меѓувладината конференција

February 26, 2021 09:45
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските и бугарските историчари од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија денеска во рамки на 12 состанок, втор ден ќе разговараат за отворените прашања.

И додека историчарите се обидуваат да најдат решенија за она што е во нивна надлежност, политичарите на двете земји, според соопштенијата на двете министерства за надворешни работи по средбата Захариева-Османи завчера во Софија, работат на финализирање на заедничкиот Акциски план, но и се координираат за одржување на меѓувладината конференција, за која се уште нема конкретен датум.

Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева вчера во интервју за бугарската телевизија БТВ потврди дека заедничкиот Акциски план, како и одржувањето на претстојната меѓувладина конференција биле темите за кои завчера во Софија разговарала со нејзиниот македонски колега Бујар Османи.

Захариева, која завчера, како што соопшти бугарското Министерство за надворешни работи по средбата, ја потврдила принципиелната поддршка на Софија за европската интеграција на Северна Македонија, со исполнување на соодветни услови, вчера за БТВ изјави дека Бугарија нема да подлегне на притисокот од страна на Северна Македонија.

Захариева вчера и со став и дека нема договор во однос на историјата, неколку клучни историски личности и за содржината на учебниците од периодот на Средниот век.

Таа информира дека на средбата со Османи разговарале за Акцискиот план, за кој властите во земјава, повеќе пати досега напоменува дека е во финална фаза.

-Се надевам дека ќе постигнеме согласност во однос на протоколот за оценка за имплементација до моментов. На престојната седница треба да се одобри протоколот за отчетот на Комисијата. Тие денеска и утре пак ќе имаат состанок, рече вчера Захариева, според која до моментов нема некаков резултат.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, пак завчера по средбата на својот фејсбук-профил објави дека со Захариева разговарал за секторската соработка и подготовките за одржување на состанокот на меѓувладината комисија.

– На враќање од посетата на Париз, застанав во Софија и се сретнав со министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, со која разговаравме за секторска соработка и подготовките за одржување на состанокот на меѓувладината комисија како инструмент кој произлегува од договор за добрососедство веднаш по усогласување на акцискиот план за секторска соработка, наведе Османи во објавата на Фејсбук.

Специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски претходно во разговор за 360 степени изјави дека Акцискиот план е усогласен 99 отсто, што, како што рече, дава надеж меѓувладината конференција да се одржи во следните неколку седмици.

Тој посочи дека меѓувладината конференција ќе биде многу важна во подготовката за создавање поповолна атмосфера пред разговорите за кои, како што рече, посакуваме да се случат во мај или јуни, по промовирањето на новата бугарска влада.

А, Записникот од десеттата средба, учебниците за седмо одделение кај нас, како и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се меѓу темите на дискусија на онлајн состанокот на македонските и бугарските историчари, чиј домаќин формално овој пат е Северна Македонија.

Комисијата претходно се состана на 22 јануари, но само заради усогласување на содржината во записниците од деветтата и десеттата средба. Тогаш беше усогласена содржината на Записникот од деветтата средба, а во однос на десеттата средба биле надминати неколку прашања поврзани со содржината.

Претходниот, 11-ти состанок на Заедничката комисија се одржа на 3 и 4 декември минатата година, а теми на разговор беа содржините во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период и образовни прашања. Како што информираа копретседателите по завршувањето на тој состанок, Драги Ѓорѓиев од македонска страна и Ангел Димитров од бугарска, на 11. состанок многу малку било разговарано за Гоце Делчев и немало никакво поместување во однос на дебатата за заедничко чествување на неговиот лик и дело.

Двајцата копретседатели потврдија дека имаат различни начини на гледање кон интерпретацијата на минатото кон средниот век, како и за Цар Самоил.

Во 2021 година се очекува Комисијата да има пет состаноци.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ