• Latest

Македонско–бугарски односи: Секојдневието на граѓаните од двете страни на границата е најрелевантно за тоа што ни е заедничко, а што посебно

November 24, 2020
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонско–бугарски односи: Секојдневието на граѓаните од двете страни на границата е најрелевантно за тоа што ни е заедничко, а што посебно

November 24, 2020 15:39
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Секојдневието на граѓаните од двете страни на границата е најрелевантно за тоа што ни е заедничко, а што посебно. Европа ги разбира тие различности.

пишува: ЛАЗО ДИМИТРОВ

Трите барања кои Бугарија ѝ ги испорача на Република СевернаМакедонија, кои мора да се признае, имаа шокантен ефект врз граѓаните, можеби најмногу во источниот дел на државата, поради географската близина, на некој начин ја ставија на испит меѓусебната доверба меѓу луѓето или двата народа, но и поттикнаа одредени страсти во различни кругови од минатото и сега, и во двете земји. Затоа секојдневието во кое живеат граѓаните, како најмеродавно сведоштво, истовремено е најголемиот противаргумент на официјалните политики, особено на нашиот источен сосед, кој никако не смее да си ја припишува позицијата на поголемиот брат и привилегиите по тој основ. Посебно не, кога се наоѓа во семејство какво што е европското.

Еве зошто.

Ако Бугарите од другата страна на Осоговието, Малешевијата и Пијанец, немаат никакви резерви, уште помалку омраза, кога доаѓаат во Кочани, Берово и Делчево, и ако ниту Македонците кои своевремено масовно ги посетуваа тамошните „свиждања“, не манифестираа апсолутно никакви облици на мразење, како граѓани од првите линии на двете држави, тогаш празни се зборовите и едностраните обвинувања на Захариева, дека Скопје на нив гледал и стимулирал омраза. Дури и ако ги прашате луѓето, вклучително и бизнисмените, од двете страни на границата за меѓусебните контакти и односи, ќе добиете одговор дека одлично си се разбираат, како што всушност треба да се разбираат соседите. Но, тоа се луѓето. Кога прашањето ќе се подигне на повисоко ниво, на пример, во институциите, тогаш работите се менуваат. Граѓаните од источниот дел на Македонија, и пошироко, во изминатите две-три децении најдиректно ја почувствуваа асимилаторската политика на Бугарските власти, која вешто, но истовремено и недобронамерно го искористи членството во ЕУ, и привилегијата која со себе ја носат патните исправи, конкретно пасошите, форсирајќи издавање државјанства под „специјални услови за своите браќа“.  Па, за да се дојде до бугарскиот, воедно и ЕУ пасош, кој на Македонците им ги отвораше вратите во Германија, Италија и другите развиени економии, тие мораа да се декларираат себе си, и предците, како Бугари, и да докажуваат бугарски корени, но и да издвојат и не мала сума пари. Впрочем, во Бугарија пред неколку години тамошните власти покренаа истрага за канали за издавање двојни државјанства со многу елементи на организиран криминал, за која не се знае како заврши.

Значи едно чисто егзистенцијално прашање, на кое особено нашите власти, а уште помалку Европа, не му обрнуваа речиси никакво внимание, сега може да се користи како силен аргумент на екстремните националисти. Можеби единствениот против аргумент кој и преостанува на Македонија е, преку неутрална анкета меѓу Македонците кои се стекнале и со бугарско државјанство, да потврдат дека се пишувале Бугари формално, само колку да го добијат потребниот документ за да стигнат до ЕУ, и ништо повеќе.

И уште една контра теза. Ако во Македонија се стимулирала омраза кон Бугарија, како тоа од источниот сосед двојно државјанство добиле 200.000 или 300.000 наши граѓани?

После сѐ, едно е сигурно. Испреплетените меѓусоседски односи на Балканот, со војни, освојувања, со победи и порази, со привилегии и хипотеки, можат да се размрсат и решат само со европски стандарди кои подеднакво ќе се применуваат и кон членките и кон кандидатите.

Тоа што кај вашиот новинар остава дилема е, дали навистина и бугарската и македонската страна не можат да ги предвидат огромните придобивки за двата народа, кои во меѓусебното почитување на сите вредности и посебности, ќе немаат никаква резерва и ќе тежнеат кон надоградување, доверба и објективно зближување по сите реални основи.


Авторот е одговорен уредник во ТВ Кочани ЛД

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ