• Latest

Македонското барање за помош од НАТО: 50.000 тестови за КОВИД-19, 200.000 скафандери…

April 3, 2020

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонското барање за помош од НАТО: 50.000 тестови за КОВИД-19, 200.000 скафандери…

April 3, 2020 12:13
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Педесет илјади тестови за КОВИД-19, десетина илјади литри раствори за дезинфекција, но и големо количество медицинска и заштитна опрема е наведена во македонското барање до НАТО Евро-атлантскиот Центар за координација на одговор на несреќи, испратено на 30 март. Центарот за координација на одговор на несреќи е тело на Алијансата кое, во вакви ситуации, ги прима барањата на сојузниците на кои им е потребна помош, и ги ускладува со вишокот или расположивите капацитети на други сојузници, кои можат да помогнат. Тоа е и наведено во последната точка на документот во кој е опишано барањето за помош на Македонија:

„Со цел да и се овозможи координиран одговор на Република Северна Македонија во нејзините барања, државите кои се во можност да одговорат на овие барања, во целост или делумно, се поканети да одговорат преку Оперативната контактна точка…“ наведува Центарот во документот со назнака „приоритетно барање“, со кој им се обраќа на сите сојузнии .

Во моментот кога е побарана помошта бројот на евидентирани заболени бил 285, од кои 164 во Скопје, а 7.307 граѓани биле во самоизолација. Најзасегнат бил Дебар, со 162 заболени на 100.000 жители, Скопје имало 23 на 100.000, а Штип 15 заболени на 100.000 жители. Во барањето се нагласува дека на 18 март била прогласена вонредна состојба во траење од 30 дена.

Македонија од Координативниот центар побарала:

  • 200.000 заштитни одела тип Ц (скафандери),
  • 100.000 заштитни наочари за еднократна употреба
  • 800.000 заштитни медицински нитрилни ракавици во различни големини
  • 500 безконтактни инфрацрвени термометри
  • 50.000 тестови за КОВИД-19
  • 20 механички респиратори
  • 50 мобилни уреди и системи за дезинфекција
  • 5.000 антисептички раствори за дезинфекција на раце, во пакувања од 250 до 750 милилитри
  • 6.000 раствори за чистење и дезинфекција на работни попвршини, во пакувања од 500 до 1.500 милилитри
  • 20.000 течни концентрати за чистење и дезинфекција на работни површини, во пакувања од најмалку 900 милилитри
  • 10 мобилни рефлектори (болнички)
  • 20.000 заштитни маски со ново ФФП3/Н95
  • 500.000 хируршки маски
  • 30 монитори за интензивна нега
  • 100 пулсни оксиметри, (уреди за мерење на нивото на кислород во крвта)
  • 25 дефибрилатори, („електро-шок“ уреди)
  • 500 комплети за интубација
  • 2 мобилни дигитални рентген апарати

По состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО, на кој македонскиот министер за надворешни работи беше прв претставник на земјата како полноправна сојузничка, Никола Димитров изјави дека во Алијансата биле пријавени „тие потреби во смисла на медицинска опрема, материјал… итн.“, но, истовремено, се разгледува и кои македонски капацитети би можеле да им бидат ставени на располагање на сојузниците за нивните потреби во борба со пандемијата.

Игор К. Илиевски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ