• Latest

Макрадули: Поефективно да работиме во иднина и да ја заштитиме природата

May 30, 2018
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Макрадули: Поефективно да работиме во иднина и да ја заштитиме природата

May 30, 2018 13:06
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно европските политики да ја зголемиме регионалната соработка од аспект на заштитените подрачја, заштитата на биодиверзитетот со едно транспонирање со националните стратегии во регионални стратегии, со едно скалирање на нашите потреби и приоритети во еден регионален пристап, бидејќи природата нема граници, не можеме да поставиме стаклени ѕидови меѓу државите и ги делиме заеднички проблемите во врска со заштитата на животната средина.

Ова денеска го истакна заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули на вториот состанок на работната група за биолошка разновидност во рамки на претседавањето на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, што се одржа денеска во Скопје.

Посочи дека животната средина е поставена како еден од четирите столбови на одржливиот развој во Стратегијата 2020 и како дел од неа постои работна група за биодиверзитет и целта е не само транспонирање на политиките, туку практично скалирање, мапирање на националните стратегии во заеднички стратегии во регионот.

– Идејата е дека постојат повеќе донатори, спонзори, кои за жал во некои земји, како и во Македонија работат иста работа. Идејата е сето тоа да го ставиме под заеднички чадор и поефикасно и поефективно да работиме во иднина и да ја заштитиме природата. Македонија во следните шест месеци ќе биде копретседавач на оваа работна група и ќе ги води активностите, додаде Макрадули.

Членки на работна група која е дел од пошироката Регионална работна група за животна средина се претставници на надлежните министерства од Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија.

На состанокот присуствуваа и високи претставници на Регионалниот совет за соработка, Меѓународната унија за заштита на природата и ГИЗ Oтворен регионален фонд за биодиверзитет за Југоисточна Европа. (МИА)

Tags: екологијазаштитаЈани Макрадули
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ