• Latest
Добро утро со Орданоски

Макрон и Вучиќ, то су срца два!

November 11, 2019

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Макрон и Вучиќ, то су срца два!

Вучиќ и Макрон се најблиските соработници во новиот заговор – се извинувам, не ми текнува подобра квалификација – кој се плете околу иднината на Балканот, а чија цел е таа иднина да се напише поинаку од онаа што беше ветувана од страна на ЕУ (и на Американците!) во последните две-три децении.

November 11, 2019 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Кога Вучиќ, како што најави на самитот во Охрид, ќе се понуди да посредува кај Макрон за да дознаеме што му е во умот на францускиот претседател за судбината на европската перспектива на Македонија, тоа ви е како кога лАсицата ќе вети дека ќе преговара со лИсицата за безбедноста на јајцата во кокошарникот на Заев.

Има пердуви да летаат на сите страни; омлет, прсти да излижеш!

Вучиќ и Макрон се најблиските соработници во новиот заговор – се извинувам, не ми текнува подобра квалификација – кој се плете околу иднината на Балканот, а чија цел е таа иднина да се напише поинаку од онаа што беше ветувана од страна на ЕУ (и на Американците!) во последните две-три децении. Какво е тоа „поинаку“, тоа можеби ни самиот Макрон во моментов точно не го знае, но сигурно е дека тоа нема да подразбере полноправно членство на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, ни за пет, ни за сто и пет години. Ако му помине.

На Вучиќ тоа, парадоксално, некако и му одговара: Србија е најважната земја во центарот на Балканот, без капацитет да ги реши косовско-босанските компликации, а без значајни отстапки во таа геополитичка рамка, европскиот пат на Белград кон Европа е секако закочен до догледна иднина; па зошто, тогаш, „македонското сценарио“ – од гледна точка на внатрешната и надворешната политика на „српското сценарио“ на Вучиќ, кое со години комотно го одржува на власт – да има подобри изгледи за евро-интеграции?!

Алтернативата е „Мал Шенген“, во кој Србија ќе биде најголемиот партнер и за трговија и за слободен проток на луѓе и идеи и за странски инвестиции и сл., но и за преговори за европската иднина на Западниот Балкан, откако Франција ќе реши дека е добро време за тоа.

Што се однесува до Албанија, во „Малиот Шенген“ за неа речиси нема ништо спорно. За нив, и со и без догледна ЕУ-перспектива, прашањето на Косово им виси „врз глава“, а без функционален и изгледен европски контекст, тој проблем секогаш е подобро да се решава во проширена рамка, во поширок политички и економски маневарски простор, макар несреќно да се вика и „Мал Шенген“.

Плус, Албанија има море – следната средба е закажана во Драч, најголемото пристаниште во „Малиот Шенген“! Охрид е прекрасен, ама Медитеранот е, практично, без брегови…

И, сега, што може(л) Заев да прави?! Сите домашни и странски злобници го исмеваат дека бил лажен и манипулиран од големите европски сили; а тој глупав муртински опинок, им верувал и дома ветувал подобра иднина, ширел нереален оптимизам за датуми и рокови… Наместо да остане задрт балканец, со сите да е во кавга, да не реши ни еден спор, со светот да комуницира секоја престапна година и така да си тера со владеење во библиската Република Македонија како оној пред него цели 11 години…

Ќе видиме во што ќе се изроди „Малиот Шенген“. Ако, миракулно, се откочи патот до ЕУ, смислата за неговото постоење ќе го има прогресивниот контекст на кој сите сега се повикуваат.

Доколку, пак, лАсицата ни јави од Париз дека лИсицата не попушта, тогаш тавчињата на готовс, француски омлет ќе се спрема!

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. ПРЕЗЕМАЊЕТО (делумно или во целост) НА КОЛУМНИТЕ ОД САШО ОРДАНОСКИ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 12 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ. Ниедно ограничување не важи за Слободен печат.
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ