Францускиот претседател Емануел Макрон денеска треба да оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во обид да се деескалира конфликтот со Украина, поради стравувањата на Западот дека Москва можеби планира инвазија, пренесува имформативната агенција МИА.
Макрон ги гледа разговорите и како можност да види каде точно стојат и двајцата во сегашната ситуација. Тој се надева и на појаснување од руска страна за некои потези, јави ДПА. Извори од Кабинетот на Макрон наведуваат дека францускиот шеф на државата сака уште еднаш да нагласи дека руската инвазија ќе има сериозни последици.
Западните држави се многу загрижени дека инвазијата може да биде неизбежна, бидејќи 100.000 руски војници се стационирани во близина на границите на Украина. Русија постојано ги негира таквите планови.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска изјави дека ситуацијата околу Украина е многу тензична, но дијалог со Русија се уште е можен.
– Останува на Владимир Путин да каже дали сака консултација или конфронтација, изјави Ле Дриан за радиото РТЛ, јави дописникот на МИА.
Францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот изјави дека ќе побара разјаснување за намерите на Русија кон Украина во телефонски разговор со претседателот Владимир Путин закажан за денеска, поради зголемените стравувања од напад на Кремљ врз поранешната советска републiка.
-Се соочивме со оваа криза со три основни принципи: цврстина, желба за дијалог и солидарност меѓу нас, продолжи тој, потсетувајќи на важноста на рагзоворот меѓу Владимир Путин и Емануел Макрон. Според Жан-Ив Ле Дриан, „постои ризик од инвазија на Украина од страна на Русија.