• Latest

Малата Ембла од Гостивар помеѓу поддршката, новите дијагнози и демантите

February 7, 2022
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Вучиќ го разреши „непослушниот“ командант на антитерористичката единица Спасоје Вулевиќ

September 7, 2025

Во болницата во Кочани се задржани четири пожарникари, осуммина се на Токсикологија во Скопје

September 7, 2025

(Видео) Русија погоди владин објект во Кијив, загинаа три лица меѓу кои и едно бебе

September 7, 2025

САД со нови предлози за примирје и ослободување на заложниците во Газа

September 7, 2025

Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината

September 7, 2025

Пожарот во „Винчини“ ставен под контрола, повредени неколку пожарникари – згазиле во стопен шеќер

September 7, 2025

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

September 7, 2025
Артилериска стрелба
Извор- официјална ФБ страница на АРМ

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

September 7, 2025
Александар Вучиќ (фото извор: Wikimedia Commons)

Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

September 6, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Десетици убиени и ранети во континуираното израелско бомбардирање утрово

September 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Малата Ембла од Гостивар помеѓу поддршката, новите дијагнози и демантите

February 7, 2022 20:23
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Гостивар го посети семејството на 11-годишната Ембла Адеми и основното училиште „Единство“ каде што таа следи настава во четврто одделение. Ова девојче со Даунов синдром  го почна со задоцнување второто полугодие поради бојкот на родители на нејзини соученици што минатата недела предизвика бурни реакции во јавноста и од надлежните институции.

Со родителите на Ембла Пендаровски разговараше за предизвиците со кои таа и нејзиното семејство се соочуваат секјдневно, фокусирајќи се на можностите за нивно надминување.

Пендаровски ги охрабри и поддржа родителите во нивната борба за заштита на правата на децата со атипичен развој и ја поздрави брзата реакција на Народниот правобранител и одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација да отвори постапка за случајот со Ембла.  Претседателот истакна дека се неприфатливи однесувањата на оние кои на кој било начин ги загрозуваат правата на децата, дотолку повеќе кога станува збор за деца со атипичен развој, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Претседателот Стево Пендаровски во посета во домот на Ембла Адеми во Гостивар

Не само што треба да ги уживаат правата кои им следуваат, наведе шефот на државата, туку и да се чувствуваат еднакви и добредојдени во училишните клупи и училишниот двор.

„Тоа е наша обврска, како држава, но и како поединци, а клучниот елемент во оваа заедничка мисија е емпатијата. Таа ќе им помогне на децата како Ембла, но ќе ни помогне и нам, да научиме од нив како искрено да се радуваме, да споделуваме и да бидеме солидарни. Во ова општество сите сме еднакви. Дојдов да ја дадам мојата поддршка и да ја кренеме свеста дека инклузијата е основен принцип“ – рече  Пендаровски.

Пендаровски се осврна на инклузивноста како стремеж кој не треба да остане само декларативен, туку преку пракса да се користат потенцијалите на лицата со атипичен развој. Предрасудите во тој контекст, додаде тој, се главната пречка за изградба на еднакво и праведно општество за сите.

Тој посочи  дека ресорните министерства и надлежните институции имаат законска, но и морална обврска да овозможат инклузивно образование, во кое главниот фокус ќе биде развивање вештини и способности кај децата со различен развоен процес, нагласувајќи ја потребата од сензибилизирање на јавноста по овие прашања.

Посетата на Пендаровски кај малата Ембла беше широко поздравена од граѓаните низ земјава.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари со спротивни информации за случајот на Ембла 

Во меѓувреме, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари соопшти дека денеска се сретнал со директорката и со сите родители чии деца учеле со Ембла Адеми, девојчето со Даунов синдром кое по петиција од родителите беше исклучено од редовниот образовен процес.

Изјавата на Таравари е сосема спротивна од таа на родителите на малата Ембла, тој вели дека родителите на соучениците на Ембла не барале ротација и дека не ја бојкотирале, туку на ротацијата инсистирале родителите на Ембла.

„На средбата ги повикавме и родителите на Ембла, кои за жал не дојдоа, но дебатата беше интересна. Ги слушнавме сите страни и мислам дека и со некои од родителите кои се потпишаа и некои од наставниците… Добро е да се знае дека категоризацијата што ја имаме за Ембла, не е само за синдромот Даун, за жал, таа има симптоми на аутизам и тоа многу изразен аутизам, со агресија на моменти. Искрено, според она што го слушнав од родителите, имало и повреди на некои деца. Но, такви се симптомите на аутизмот. Но, едногласно одлучивме дека Ембла продолжува. Таа никогаш не била на ротација по барање од другите родители, туку на инсистирање на нејзините родители. Никој никогаш не ја бојкотирал Ембла, како што пишуваат медиумите, туку ова е повеќе некоректна постапка на нејзиниот родител, бидејќи часот започнува во 13:15 часот, додека тој со медиумите и Ембла тргнале на училиште во 12:30 часот, кога таму нема ученици“, изјави Таравари пред медиумите, пренесе ТВ21.

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари

Тој додава дека општина Гостивар ќе побара мислење од Комисија составена од психопедијатри и во зависност од оценката што ќе ја дадат ќе се одлучува како ќе продолжи Ембла, со процес на инклузија или во посебни паралелки. Таравари потсетува дека на 2 април ќе биде отворен Центарот за деца аутизам во Гостивар.

Таткото на Ембла го демантира Таравари 

По изјавата на Таравари, со демант  се јави таткото на Ембла, Илир Адеми.

„Не знам каде градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ги нашол тие комисии кои тврдат дека ќерка ми има аутизам, заобиколувајќи го синдромот Даун. Ова не е вистина. Овде го имаме лабораторискиот резултат на Академијата на науките, која верувам дека е релевантна институција и покажува во каква состојба е Ембла. Веднаш по раѓањето на Ембла, Академијата на науки покажа дека има Даунов синдром, но нема аутизам“ – демантира таткото на Ембла.

Минатата недела во јавноста и медиумите одекна информацијата дека родителите на учениците од едно одделение од гостиварското основно училиште „Башкими“ по пат на петиција одлучиле да не ги пуштаат децата на настава поради тоа што во училницата учи и 11-годишната Ембла, дете со Даунов синдром. Случајот предизвика лавина реакции со поддршка од целата јавност во земјата, а малата Ембла веќе утредента продолжи да посетува настава заедно со своите соученици. Директорот на училиштето сѐ уште не поднел оставка, ниту му е побарана од надлежните институции.

Подготви: Д. Тахири 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ