„Не знам дали министерот се сеќава на една дебатата, од пред 2-3 години, на која учествувавме на Правниот факултет. Кој помисли тогаш дека денес ќе седнеме вака да зборуваме за влез во ЕУ? Јас сигурно – не!
Влезот во ЕУ нема да ги реши сите проблеми на младите во Македонија. Скриниг процесот ќе им овозможи на младите да го кажат своето мислење за владеењето на правото, за нивните перспективи и за проблемите со кои се соочуваат на дневно ниво.
Кога сме кај политичкото учество на младите, мора да зборуваме за демистификација на јавните политики. Младите се тука да ги презентират и да работат врз своите проблеми.
Мора да се делува многу брзо. Мора да им покажеме на луѓето дека промените се можни и потребни. На ова мора да работиме до референдумот“, рече Блаже Малески.
М. Ивановска