• Latest

Малески: Ваквиот закон за данок на личен доход негативно ќе се одрази пред сè на младинските граѓанските здруженија

November 28, 2018
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Малески: Ваквиот закон за данок на личен доход негативно ќе се одрази пред сè на младинските граѓанските здруженија

November 28, 2018 16:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Национален младински совет на Македонија, Младински образовен форум и Центар за интеркулрен дијалог ги повикаа сите невладини организации за поддршка и за заедничка реакција за менување на предлог член во новиот Закон за данок за личен доход, кој директно ќе се одрази на работата на граѓанските организации и фондации, а посебно на младинските.  

Со оглед дека Законот за данок на личен доход е веќе во собраниска процедура, во конечното изгласување на предлог законот ќе се воведе измената од предлагачот воведување на плаќање данок на доход за сместување, храна и превоз на настани над 3 дена во верзијата на ЕНЕР, според член 12, став 1, точка 40, а во верзијата од Собранието над 5 дена, точка 41 во истиот член.

„Повторното оданочување на храна, сместување и превоз значително го отежнува работењето на граѓанските здруженија, пред сè на младинските организации. Најчесто се тие кои што организираат подолги настани, како тренинзи, обуки… Од една страна не загрижува дополнителниот административен трошок за сите учесници, а од друга страна и долгорочното планирање за нашите организации бидејќи токму ова е новината што повторно се враќа во новиот закон. Од тука нам не ни е баш јасно од каде е потребата за ова. Пред сè  немаше некоја анализа во рамки на документите на законот зошто повторно се воведува во даночната политика“, изјави Блажен Малески, претседател на НМСМ.

Малески истакна дека на некој начин се работи за дополнително оданочување, со оглед дека како здруженија за истите ставки, храна, превоз и сместување се плаќа данок на додадена вредност упатувајќи апел до Собранието да ги земе предвид овие потешкотии и административни бариери што им се наметнуваат на здруженијата на граѓани.

„Овие забелешки делумно се адресирани до ЕНЕР за тргање на временската рамка. Имаме ситуација во која под точка 41 се вели дека здруженијата на граѓани плаќаат за настани над 5 дена, а од друга страна другите видови на организирање, како што се синдикатите се целосно изземени од плаќање на овој данок. Нашите барања ќе бидат адресирани директно до Министерството за финансии, до Владата на Република Македонија и до пратениците во Собранието бидејќи сметаме дека тие треба да ги имаат сите факти пред себе пред конечно да ја донесат одлуката дали ќе остане вака или како што ние предлагаме ќе се тргне временската рамка“, објасни Малески.

На прашањето дали очекуваат позитивни реакции и дека ќе се исполнат барањата на здруженијата, Малески смета дека ќе имаат успех.

„Кога дојде новата Влада на власт еден од првите чекори и’ беше менувањето на оваа спорна точка од законот. Од таму малку ни е нејасно зошто по година и пол  повторно се размислува за вакво регулирање на здруженијата на граѓани. Неофицијалните изјави од Министерството се дека има некаква малверзација. Нашето прашање е каде се тие докази ако има такви малверзации. Ова не е начинот да се казнуваат сите организации, туку да работат инспекторските служби на Министерството за финансии и да ги детектираат. Во оваа ситуација Владата и пратениците ќе мораат да не слушнат и послушаат бидејќи оваа борба не само за нас како невладини организации туку на сите учеснички и учесници што нема да можат да ги искористат работите што ние им ги нудиме како здруженија на граѓани“, истакна Малески.

Доколку оваа измена за оданочување на настани над 5 денови помине во Собрание, иницијаторите сметат дека негативно ќе се одрази на невладините организации, ќе влијае на буџетите, ќе значи помалку долготрајни настани и помалку учесници.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ