• Latest

Манчевски: Притисок во изборен контекст не смее да има и тоа никогаш нема да го дозволиме

July 10, 2020

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Манчевски: Притисок во изборен контекст не смее да има и тоа никогаш нема да го дозволиме

July 10, 2020 16:15
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Деполитизација, професионализација во јавната администрација, ширење на говор на омраза и злоупотре на јавни ресури од вработени во администрација, притисоци во изборен контекст, беа теми на кои разговаравме, дополнително со министерот за информатичко општесто и администрација, Дамјан Манчевски.

ЦИВИЛ Медиа: Администрацијата секогаш била под притисок за време на изборните процеси. Што направи МИОА, за време на владеењето на СДСМ и што презема за да ја ослободи администрацијата од партиски влијанија за време на овој изборен процес?

Манчевски: Мислам дека атмоферата е доста сменета токму за овој изборен процес. Ние веќе долго време во извештаите што ги подготвува ОБСЕ/ОДИХР, но и други меѓународни и домашни набљудувачи, веќе немаме никакви забелешки заради некакви притисоци заради полицијата. Еве сега и за овие избори многу е сменета атмосферата, не се врши притисок од страна на раководителите, не се бараат списоци за гласање, не се тераат луѓето да одат по митинзи, партиски средби и слично.  Ние уште откако се смени власта, значи за 2017 година, за секои изборни процеси и за Референдумот како Министерство објавуваме онлајн алатка со која што секој вработен во јавниот сектор може да пријави притисок на работното место во контекст на изборите. Има два начини за пријавување, може анонимно, но доколку тој што пријавува сака да ги каже своите лични податоци тоа го правиме со целосна заштита на неговите лични податоци.

Во секој случај ги организириме клучните организации, организараме средби со Народниот правобранител, Агенцијата за администрација, со Агенција за вработување, со ДКСК и други кои би можеле да реагираат доколку посоти некаков вид на притисок.

Морам да бидам искрен дека оваа алатка во изминтаите години откако е воспоставна немаше голем број на пријави. На пример, за претседателските избори измаше вкупно 8 пријави, а 4 се однесуваа на приватен секотор. По грешка луѓето мислеле дека треба да пријават и таков тип на некаков притисок на работата. Во другите 4 пријави што беа поднесени немаше некаков вид за покренување на некаква постапка. Самиот број на пријавите покажува дека не постои во моментот притисок. Оваа алатка и сега е активна и до денес имаме само една пријава и таа се процесуира. Меѓутоа останува алатката и апелирам, упатувам повик до сите вработени во јавната администрација доколку на било каков начин се чувствуваат дека некој врши притисок врзи нив од полиитчки аспект и во контекст на изборите, веднаш ќе бидат контактирани и случајот ќе биде процесуиран. Притисок во изборен контекст не смее да има и тоа никогаш нема да го дозволиме.

ЦИВИЛ Медиа: Дали сте свесни дека поединци што работат во администрацијата, ги користат работното време и јавните ресурси за да шират лажни вести и говор на омразата? Што се преземе во врска со тоа?

Манчевски: Да бидам искрен за неколку случаи и лично се ангажирав и покрај институциите, Министерството, сакав и јас лично да се уверам.  Тешко е да се фатат на дело,очигледно некој ги подучува. Обично тоа го прават надвор од работно време или во деновите кога не се на работа. Но, внимателно барем тие неколку случаи што решив да ги следам, го прават тоа пред почетокот на работното време рано сабајле или после 4/5 попладне. И тука од аспект на работодавач, немате на што да реагирате. Да, за лажните вести, но тоа е една клизава територија, не е регулирана. Секогаш е тенка границата ако се објави една содржина дали е тоа цензура и не можете натака… Меѓутоа се обидовме во неколку наврати барем за тие ситуации за кои што имаме сознанија и ги следевме внимаваа да биде надвор од работното време. Од аспект на работодавач не успеавме ништо не направивме, за еден случај покренавме иницијатива, но ништо не излезе затоа што се констатира дека тој вработен имал земени слободни денови. Значи дека ти дупки се користат и тоа е познато. Меѓутоа она што многу луѓе забораваат, н осе согласувам дека свеста на инсититуциите не е на толку големо ниво, е дека при вработувањето, сите вработени во јавната администрација, се согласуваат и на етички кодекс на вработување во јавната администрација кој укажува што може и жто се очекува од одреден вработен, дека тоа е службеник за граѓаните, дека тоа е првиот допир на луѓето со државата, дека треба да дадат пример со нивното однесувањ. На оваа основа можат да се почнат одредени процеси, меѓутоа, за жал, институциите не се доволно на високо ниво на свесност дека не се работи само за етика на однесување на работно место туку и надвор од работнот место е тоа што, исто така, може да влијае.

Градењето на свеста и кај работодавачите и кај вработените, е проблем што го адресираме кај менаџерството во предложениот Законот за високораководна служба, дека тоа треба да се пренес потоа и на вработените. Процес е, ќе трае, меѓутоа мислам дека сме во добра насока и со самото тоа дека веќе е евидентно дека нема притисоци како што имаше порано. Треба да продолжиме во оваа насока.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се плановите на МИОА за департизација и професионализација на администрацијата?

Манчевски: Да бидеме искрени, злоупотреба и политизација и партизација може да дојде и од раководителите. Има случаи кога доаѓа од доле нагоре, но претежно е од таму. Со предложениот Закон за високораководна служба предвидуваме транспарентен избор на менањерите на институциите, на ниво од директор на институција се до државен секретар во министерство. Тие би биле избрани преку Комисија во која ќе ленуваат само експерти без никакво поитичко вилјание, која целосно евалуација на кандидатите за било која раководна позиција и на Владата ќе и предлага кратка листа на трите најдоби кандидати. Во процесот на евалуација ниту Владата или било каков политичар не е вклучен…

Вториот чекор, на што не обрнуваме многу внимание, е обуки за однесување на луѓето и особено во администрацијата. Гледам и години наназад не се обрнувало внимание на тоа. Ќе се вработи некој во јавна администрација и не добива основна обука за однесување. Некогаш тие основни работи ни фалат за било што во општеството.

Мислам дека дополнително ќе придонесе и новиот Закон за административни службеници и Закон за вработени во јавниот сектор, исот што го поднесовме во Собрание, но пред изборите не се донесоа, дополнително се намалува бројот на можни договори на определно време што може да ги склучува било која инсистуција и на таков начин се насочуваат институциите доколку имаат потреба да ангажираат луѓе на неоределно време.

Со овие неколку чекори особено со поредложениот Закон за високораководна служба да придонесе кон понатамошна деполитизација на јавниот сектор.

Биљана Јордановска

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ