• Latest
Љубомир Костовски

МАНУ е одново и одново најсилен поттикнувач на евроскептицизмот на земјава

September 3, 2022
Фото: Скриншот од видео на X

Шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев стана вирална – реакција од Белата куќа

October 3, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Во Норвешка уапсени тројца Германци по инцидентот со дрон

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

ОН: Безбедните зони на југот од Појасот Газа се фарса и места на смртта

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Во Чешка попладнево започнаа парламентарните избори, учестуваат 26 партии и коалиции и 4.462 кандидати

October 3, 2025

Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

October 3, 2025

УНИЦЕФ: Локалните лидери мора да ја стават иднината на децата на прво место

October 3, 2025
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

За употребата на токсични хемиски супстанци од страна на Русија против вооружени сили на Украина

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Орскнефтеоргсинтез во руската област Оренбург на 3 октомври 2025 година. Фото: SBU

Украински дронови ја погодија една од најголемите руски рафинерии во јужен Урал, потврдува извор од СБУ

October 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

МАНУ е одново и одново најсилен поттикнувач на евроскептицизмот на земјава

Врвот на антимакедонизмот не се договорите со Грција и Бугарија, туку идејата на првиот човек на МАНУ во 2001 година за поделба на земјава на два дела! Тоа ќе треба да се знае „за вјека и довјека“. И тогаш и сега имаме молчаливо мнозинство во оваа институција и група вревачи како континуирани деструктивни сили.

September 3, 2022 13:30
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, СТАВОВИ, ТОП 5
Љубомир Костовски

Љубомир Костовски

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Што ни паѓа на ум кога поминуваме пред зградата на МАНУ? И сега и порано? Па, да речеме дека првиот човек на оваа угледна установа во 2001 година побара поделба на територијата на Република Македонија на два дела и да се пристапи кон размена на населението. Практично да се врати во функција граничната линија од Втората светска војна! Не влегуваме во детали, но забележливо беше дека од МАНУ не добивме реакција за која бевме подготвени да ја чуеме. Таа идеја не падна заради поинаквиот, остар став академиците и нивниот евентуален повидлив отпор, туку заради самите Албанци, кои не беа решени да се враќаат на тие стари идеи, за волја на вистината, во која и сега го гледаме бугарскиот шмек.

Дали се сеќавате на онаа Македонска енциклопедија која пропадна како проект ама беше направена и на волшебен, електронски пат се најде пред јавноста. Тоа беше една криминално селектирана историја на оваа земја и заслужува поопширен осврт, но во неа имаше серизно потценување на сето она што оваа година го гледаме дека опстојува како лајтмотив на дејствувањето на македонските националисти! Тие, главно одамна влезени во Академијата  сега спречуваат да продолжат преговорите со Брисел, наводно заради „преголеми попусти“ кон Софија.

Но, по тие нивни напори за блокирање на евроинтеграциските процеси на земјава во  основа е најголем, добитник по евентуалниот прекин на тие преговори токму политичката опција на претседателот Радев, кога ќе видиме какви се нова порција на уцени ќе се појави од страна на кочничарската политика на Софија кон  нас. Така, оние кои наводно не штитат од бугарскиот национализам практично работат за него…

Кога неодамна напишав текст за ликот и делото на нашиот и југословенски значаен политичар Крсте Црвенковски, бев испровоциран од некои искрено одвај чујни огласи од дебатата што за него ја организираше МАНУ. Тема која е толку раритетна во животот и делувањето на академиците што заслужуваше навистина публицитет. Би рекол – било каков, бидејќи Црвенковски е многу битен за поставувањето на нозе на многу наши институции – МПЦ, на пример, ама и МАНУ, како и дузина значајни национални институции. Место тоа од некои од учесниците пост фестум дознав дека дебатата започнала во 9.30 часот (!), небаре се работи за утринска смотра во некоја касарна а не на собир каде би требало да присуствуваат угледни научници и аналитичари, при што регистрирањето на дискусиите ќе требаше да добие соодветен простор во медиумите.

Имаше само неколку површни скици во еден-два медиуми, се разбира прилози направени околу пладне, во кус период, иако настанот траел се до раните ноќни часови. И такс, битниот политичар од она време кој ни ги донесе првите ветрови на општата демократизација на општеството во средината на 60-тите, ја доживеа судбината на сите оние настани кои се навистина битни и достојни за академска расправа: во МАНУ. Но таквите приоди се маргинализираат во стартот . Така беше со другите теми од областа на научната мисла, како приватизацијата ма општествениот капитал, за која никогаш не дознавме што мислат клучните експерти, надвор од платените анализи кои требаа да му донесат личен профит на овој или оној.

Во периодот кога на чело на МАНУ беше професорот Тако Фити, исто така имаше една ретка опсервација на битно прашање за земјава – долгот на Македонија кон странските доверители. Во Куќата на Уранија, објект што државата и го додели на МАНУ, во 2016 година, пред парламентарните избори кои се случија во декември, се одржа научна дебата на спомената тема.  По многу кусо време на веб страната на Академијата се најде бројчаникот кој постојано го одбројуваше задолжувањето на земјава кон странство. Овој бројчаник предизвика појава на текстови со кои МАНУ беше обвинет дека наводно се политизира како институција и тоа против актуелната (тогашна) власт. Политизацијата се врзува и за нејзиниот претседател, д-р Таки Фити. Тој во медиумите кои беа под влијание на владејачката партија беше посочен како автор на оваа „политичка грешка“.

Значи, дебати за клучните економски или правни прашања во МАНУ ги имало многу ретко и тие биле постојано предмет на критики, главно од една партија во земјава. Не е тешко да се каже која. Затоа пак  од истата партија немало никогаш критички осврти кон теми кои се со папочна врвца врзани со правењето поделби во земјава, со слугување на национализмот и евтиниот патриотизам. Немало, бидејќи, кругови во МАНУ биле на другиот крај на таа папочна врвца! Ете неодамна дел од академиците (не се знае колкумина од нив, бидејќи во купот на поддржувачите има многу неакадемци, демек „приврзаници“ или навивачи од да речеме научните кругови). Се работи за оценувањето на францускиот предлог, унилатералните изјави за јазикот и гласањето на партиите на Албанците во Собранието за заклучоците за преговарачката рамка кои предизвикаа дури и изјави дека можеби ќе доживееме создавање на посебна, албанска академија.

Академик Катица Ќулавкова во телевизиско интервју најави дека ќе се занимава со формирање на т.н. „трета албанска академија“, сместена во Македонија, со што би се одвоиле академиците Македонци од академиците Албанци. Според неа, малцинските етнички заедници се привилегирани во однос на мнозинскиот и конститутивен македонски народ. Истиот ден, пак, за ТВ 24 , Катица Ќулавкова – кусо рече – „одбивам да одговорам“.

Во еден свој коментар објавен деновиве од професорот Мерсел Биљали потсетени сме дека актуелниот претседател на МАНУ, академик Коцарев, ги изнел неговите ставови и аргументи во емисијата „Трилинг“ и некои други медиуми. Кажал дека главното зло за државата, се има случено посебно последниве пет години!

„Ме зачуди како ја заборави длабоката и заробената држава во стиропор, која владееше со огромен криминал!? Дека ЕУ не ни е единствената алтернатива, оти тука ни е и ‘Брикс’, ‘Појас и пат’, каде што главната улога ја имаат Русија и Кина!“ – Биљали потсетува и дека српскиот претседател Вучиќ јавно нѐ замоли возот да го поставиме на шините кон Брисел!

Академикот Коцарев исто така кажа дека „Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија се недостоинствени за граѓаните на Македонија, оти како резултат на геополитичките игри на големите сили кои ова држава ја претвораат во поле на своевиден експеримент, Македонија станува „центар за регионална дестабилизација”. Ако кон ова се додадат и домашните политички превирања, тогаш „бродот Македонија полека, но сигурно тоне“. Дека „Западот (особено САД) е подготвен да жртвува еден неважен пион, Македонија, за поголем геополитички интерес, дури и ако тоа значи распаѓање на државата и обновување на регионалниот поредок“. А секој што знае букви, добро знае дека Македонија е создадена и сочувана токму од Западот (особено од САД)! Да не беше така, таа одамна ќе беше поделена. Значи тој момент кога би се збогувала од САД, Македонија би останала без заштита, а веројатно и без себе.

Почитуваниот академик, не видов дека некаде спомна дека тоа што назадуваме во регионот, а сите околни држави нѐ претекнаа, е поради нас самите што за секоја нормална реформа и промена до небо врескавме што лошотија нѐ снашла! И така загубивме многу години и декади! И еве, пак продолжуваме да врескаме! Па кој прима во друштво некој што стално вреска, перманентно се жали, секогаш нешто му пречи! Оти тогаш ние за секое нешто ќе блокиравме со вета! – смета Билали.

Потоа од академикот беше кажано дека околните држави што се во ЕУ, постигнаа мал, речиси незначителен напредок! Епа сите компаративни податоци покажуваат дека не е така. Бугарија беше 30 години зад нас, а сега е 10 години пред нас. Кој е виновен за таква огромна разлика, освен ние самите што цело време си плачеме, викаме, кукаме, пцуеме. Ние можеме да пропаднеме само поради себеси. Главните непријатели на државата и на идните генерации сме ние самите, вели Билали. „Тешко дека некој ќе ви ја чува куќата од самите вас како сопственици! Поради погрешните политики, поради сатанизирање на исправното, поради хистеријата кон нормалното, а сега и поради посетите кај Орбан или Груевски, државата може да се доведе до колапс.“

Научниците и академиците не треба да поставуваат прашања, туку да дадат одговори. Многу е лесно да ги заведете луѓето со фразите: „А зошто Бугарите не ги признаваат Македонците како малцинство во нивна територија“!? Или – зошто тоа не го прави Грција?! Па, штом не се качивме во експресен воз, сега ќе се качиме на магаре. Нели, да бевме паметни, ние пред Бугарите ќе бевме членка на ЕУ. Тогаш проблемите ќе ги решававме како што ќе сакавме. А сега мора како што ќе можеме. Проблеми имаат сите држави, па и најсилните. Но, тие ги решаваат, не хистеризираат, смета овој колумнист.

А кај нас, ВМРО, продолжува тој, перманентно со солунски топ ја гаѓаше својата држава. Повеќе од 20 години култивираше екстремен национализам, територијални провокации, додека другата овдешна политичка опција беше зафатена со криминална приватизација. А глупавата вмровската магла правеше тоа да не се гледа! Загубивме две златни декади кога требаше да се гради сериозна држава. Потоа, пак си продолживме со кукање и хистерија, а никако да се разбере дека со гласачкото ливче не се кршат железните порти! – заклучува Билали.

Цитирањето на Биљали по оваа тема е израз на фактот што ние читаме многу малку други одгласи и размислувања, а пред сѐ ги очекуваме од самите академици. Тие треба, најпрвин, да ја одбранат својата титула!


Објавено во ГЛОБУС. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани. 
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ