• Latest

Маричиќ апелира до судиите да бидат извондредно внимателни и да работат според Европските стандарди

November 17, 2023
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Маричиќ апелира до судиите да бидат извондредно внимателни и да работат според Европските стандарди

November 17, 2023 16:27
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Слободата на медиумите е апсолутна и не смее да биде загрозена. Владата нема намера да регулира кој е новинар, а кој не. Тоа е целосно препуштено на новинарската фела, а правото на протест е сосема легитимно, особено кога новинарите се чувствуваат загрозено, рече денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пренесе МИА.

Маричиќ е дециден дека слободата и демократијата за оваа Влада се апсолутни вредности и тука, нагласи, не може да се прават никакви компромиси.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со судската пресуда за Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и денешните протести на новинарите поради овој случај, Маричиќ напомена дека Владата целосно стои зад заштитата на медиумските слободи и околу тоа, како што потенцира, никој не треба да има дилеми. Тој порача, судиите кои судат вакви случаи, да бидат извонредно внимателни и да ги консултираат европските стандарди определени со случаите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, но и со други стандарди во Поглавејто 23 за медиумските слободи.

-Да немате дилеми дека Владата целосно стои зад заштита на медиумските слободи. Слободата на медиумите е апсолутна и не смее да биде загрозена. Може да биде ограничена само под законски услови, по меѓународни стандарди од меѓународните конвенции кога се работи за говор на омраза или слично. Конкретната пресуда вие ја оценувате како скандалозна, но пресуда се укинува само со друга пресуда на повиок суд и може да се промени, вели Маричиќ.

Тој апелираше до судиите кои водат случаи како тој за Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), да бидат внимателни и да работат според европските стандарди.

Мој апел може само да биде до судиите кои судат вакви случаи, да бидат извонредно внимателни и да ги консултираат европските стандарди определени со случаите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, но и со други стандарди во Поглавејто 23 за медиумските слободи. Владата нема намера да регулира кој е новинар, а кој не. Тоа е целосно препуштено на новинарската фела и мислам дека новинарската фела таа можност треба да ја искористи, да ја зајакне саморегулацијата заради заштита на сопствената професија. Така ќе помогне и на Владата, а Владата е целосно подготвена ако новинарите, нивните здруженија или генерално медиумската фела смета дека е потребна дополнителна законска измена за да се зајакне заштитата на новинарите и на медиумските слободи и за новинарите да се чувствуваат позаштитено, тоа да го слушне, да го разговара и да предложи такви соодветни законски измени, истакна Маричиќ.

Тој потсети дека во сите извештаи на Европската комисија се регистрирани активните напори на оваа Влада за подобрување на позицијата на новинарите, уважување и унапредување на медимските слободи, како и зајакнување на новинарската професија.

-Да не заборавиме дека во скоро време годинава беа усвоени измените на Кривичниот законик каде се зајакнува заштитата на новинарите од напади на говор на омраза, закани или други видови загрозувања, а направивме и измена на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета каде за десет пати се намалија казните за навреда и за клевета. И лично сум работел на тоа како министер за правда и ги имам предложено двата закона, подвлече Маричиќ.

Според вицепремиерот, Владата се уште не заседавала, ниту заземала став за случајот ИРЛ. Сепак, тој е убеден дека и овој негов личен став произлегува, како што рече, од тоа што повеќе години оваа Влада го практикува и го мисли.  

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ