• Latest

Маричиќ-Дробњак: Преговорите се отворени, почнува процес кој бара активност и одговорност

September 6, 2022
Фото: Скриншот од видео на Н1

Тактиките на Вучиќ кон студентите постојано се менуваат, но едно е константно – заплашувањето

August 17, 2025
Фото: Ryanair / Фејсбук

Нискобуџетниот „Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана, инвестиција од 300 милиони долари и повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 17, 2025
Фото: Фејсбук

Словачкиот премиер Роберт Фицо го пофали самитот Путин-Трамп, повторувајќи ја пропагандата на Кремљ

August 17, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Граѓаните од независните листи гневни, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ жалат за пропуштената шанса со Изборниот законик – направиле сé што било до нив

August 17, 2025
Семејствата на заложниците и антивладините демонстранти се собраа кај портата Бегин во Тел Авив, Фото:
DWS News

Демонстрантите во Израел бараат договор за заложниците во еден од најголемите антивладини протести од почетокот на конфликтот во Газа

August 17, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

Последици од самитот во Алјаска: Европа ги отфрла илузиите, цврсто стои зад Украина

August 17, 2025
Фото: Влада на РСМ

Зајкова: Работела без дозвола, а превезувала деца и туристи – кој ќе одговара за жичарницата на Водно?

August 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Firstpost

Повеќе од 200 лица се водат како исчезнати во област погодена од поплави во Пакистан

August 17, 2025
Фото: ЗХГ/Фејсбук

ЗХГ: Измените на Изборниот законик се обид за лажно и привидно намалување на прагот, кој е превисок

August 17, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Регистрирани 10 пожари на отворено – шест активни, три изгаснати и еден под контрола

August 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Маричиќ-Дробњак: Преговорите се отворени, почнува процес кој бара активност и одговорност

September 6, 2022 14:42
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со експертот Владимир Дробњак, поранешен хрватски преговарач, денеска одржаа два координативни состаноци со министрите задолжени за кластерите и Работната комисија за евроинтеграции со државните секретари на институциите, информираат од СЕП.

– Искуството и знаењето кое го има поранешниот хрватски преговарач Дробњак ќе биде од корист и ќе ни помогне полесно да ги надминеме предизвиците со кои ќе се соочиме во текот на преговорите, рече на состанокот вицепремиерот и главен преговарач Маричиќ.

– За секоја земја добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ е голем политички предизвик, но вистинската работа и задачите започнува по отворањето на преговорите, рече Владимир Дробњак, додавајќи дека тоа е невозможно е да се процени колку ќе трае преговарачкиот процес за Северна Македонија.

Вицепремиерот Маричиќ посочи дека започнуваме сложен процес на промени, во кој ќе ни е потребна сериозна посветеност за исполнување на целта, истакнувајќи дека експертизата на Дробњак несомнено ќе придонесе во овој клучен момент, кога се подготвуваме за најважната и најтешка фаза од евроинтеграцискиот процес, а тоа се преговорите.

Дробњак пред македонските министри и државни секретари низ дискусија ги посочи предизвиците со кои Северна Македонија може да се соочи, земајќи ги предвид искуствата на Хрватска во овој дел.

– Преговорите се отворени и мора да го трчате овој маратон одговорно, рече Дробњак додавајќи дека имаме предности во однос на другите земји компаративно и дека Северна Македонија може да смета на поддршката од Хрватска и понатаму во целокупниот процес.

Вицепремиерот Маричиќ и Дробњак се согласија дека влегуваме во нова димензија на евроинтеграциите и дека ова ќе биде комплексен процес, во кој мора да бидеме активни и да работиме на реформите.

Искуството на Хрватска во процесот на пристапување, новата методологија и преговарачка рамка и процедурите за преговори, Дробњак ќе го претстави и пред раководната структура на Секретаријатот за европски прашања.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ