„Владата и администрацијата мобилизираат значајни ресурси и активно учествува во скрининг процесот. Скрининг процесот ни ја дава основата за дефинирање на идните реформски приоритети од ЕУ агендата кои што треба се спроведуваат и за кои неминовно е потребен широк општествен консензус“, изјави Бојан Маричиќ, вицепремиерот за европски прашања, на денешната прес-конференција по повод Извештајот на ЕК.
„Во таа насока работиме во подготовка на реформите во владеење на правото, во администрацијата и функционирањето на демократските институции“, додаде Маричиќ.
Тој истакна дека добра прилика да покажеме консезуалност ќе биде нардната недела, во четврток, на закажаната седница на Националниот европски совет за интеграции и КОмисијата за европски прашања со цел да се дискутираат наодите од Извештајот.
„Извештајот на ЕК е рефлексија за нашата секојдневна борба за унапредување на општеството. Се што е наведено во Извештајот на нашата држава и е добро познато и ние веќе работиме на решенијата“, изјави Маричиќ.
Б. Ј.