До крајот на 2030 ЕУ ќе има нови членки. Целта ни е да сме и ние меѓу идните членки на ЕУ. Доколку не ги завршиме уставните измени, Албанија ќе продолжи понатаму, а Украина и Молдавија ќе ги започнат преговорите, вели Бојан Маричиќ, вицепремиерот за европски прашања.
-Оптимист сум дека можеме да успееме и да ги завршиме нашите обврски ако сите ја сфатиме нашата одговорност и ако се соочиме со фактот дека ќе нѐ заминат сите држави во регионот.
-Не е вистина дека постојат држави кои имаат забелешки и кои ќе нѐ спречат да продолжиме со преговорите. Тоа нема врска со реалноста бидејќи на дневна основа имам контакти со сите држави членки и никој тоа не го најавил ниту постои такбо нешто. Скапо ќе нѐ чинат ваквите изјави како држава, а граѓаните скапо ќе ги платат заблудите во кои ги доведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Секогаш со оправдани и валидни аргументи според европското законодавство сме го употребувале европското знаменце во донесувањето на законите.
-Доколку дојде до најавуваните измени на Деловникот за Собранието и ако нема веќе можност за блокада со бескрајни амандмани прашањето за користење на европското знаме ќе биде надминато. Не треба да ни сега дискусија бидејќи за секој закон сме дале образложение зошто треба европско знаме, потенцира Маричиќ.