• Latest

Маричиќ: „Право, слобода и безбедност“ е поглавје кое ја носи суштинската промена на македонското општество

November 21, 2022
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: „Право, слобода и безбедност“ е поглавје кое ја носи суштинската промена на македонското општество

November 21, 2022 16:28
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во однос на сработеното во рамки на поглавјето, Маричиќ потсети на потпишаната спогодба со Фронтекс, тековната процена на ИТ и комуникациската структура за поддршка на идентификацијата и регистрацијата на мешаните миграциски текови, изготвениот Мастер план за дефинирање спецификации за надградба на информатичко-комуникациската инфраструктура, кон идно поврзување со информациските системи на ЕУ.

Во областа на борбата против организираниот криминал, како што беше потврдено во последниот Извештај за напредокот, вицепремиерот Маричиќ посочи дека законодавната рамка е во голема мера усогласена со европските стандарди, како и дека постои широк спектар на стратешки документи, засновани на релевантните стратегии на ЕУ, како што се Националната стратегија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, Националната стратегија за дроги, Националната стратегија за кибербезбедност итн. Покрај тоа, посочи и на планираните активности, со кои како што рече, поопширно ќе бидат презентирани од страна на претставниците на надлежните институции.

– Во деновите пред нас ќе ја искористиме можноста да го презентираме нивото на усогласеност на нашето законодавство со европското и натамошните планови за усогласување во областите каде што долги години досега работиме на транспонирање на релевантно acquis, како и на зајакнување на нашиот административен и оперативен капацитет. Поглавјето 24 е столбот на режимот на визна либерализација што ни беше овозможен уште во 2009 година и им даде на нашите граѓани од прва рака корист од членството во ЕУ, рече вицепремиерот Маричиќ.

Македонскиот преговарачки тим е составен од претставниците на Работната група за Поглавје 24, „Правда, слобода и безбедност” кои доаѓаат од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Министерство за одбрана, Министерство за надворешни работи, Министерство за здравство, Јавно обвинителство, Народна банка, Управа за финансиско разузнавање и Секретаријат за европски прашања.

Надлежна институција за ова поглавје е Министерството за внатрешни работи, а работната група е предводена од Координаторот на Поглавјето 24, началничката на секторот за преговори и евроинтеграција при МВР, Светлана Влаховиќ Димановска.

Државната секретарка на Серетаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили беше исто дел од македонскиот преговарачки тим, кој денеска пред претставниците на Европската комисија имаше 23 презентации на пет теми и тоа: Борба против организираниот криминал, соработка во областа на дроги, борба против тероризмот и превенцијата од радикализам, соработка во спроведувањето на законот и размена на информации и пограничен менаџмент.

Презентациите од страна на македонскиот тим за Поглавјето 24, во рамки на Кластер 1, „Фундаментални вредности”, ќе траат до 24ти ноември и ќе дадат солидна основа за подготовка на скрининг-извештајот што Европската Комисија ќе го подготви и ќе го испрати до Советот на ЕУ на понатамошна постапка, од кој ќе зависи и динамика на преговорите во ова поглавје.“

Tags: Бојан Маричиќинтеграциискрининг
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ