Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вечерва на својот фејсбук-профил напиша дека првиот ден од билатералниот скрининг за Поглавје 24 бил интензивен, но успешен.
Македонскиот преговарачки тим денеска во Брисел го објасни нивото на усогласеност со законодавството на ЕУ и негова имплементација, низ 23 презентации на пет теми, во областа на правдата, слободата и безбедноста. Задоволен сум од нивната подготвеност, а и Европската комисија, пишува во објавата на Фејсбук.
Маричиќ истакна дека „приоритет на институциите и администрацијата останува исполнувањето на обврските од Поглавјата 23 и 24, со цел да одржиме добра динамика на преговарачкиот процеси и побрз напредок во реформската агенда“.