• Latest

Маричиќ: Владата не ги перцепира судиите како партиски припадници

March 13, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ: Владата не ги перцепира судиите како партиски припадници

March 13, 2021 10:58
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа Влада на ниту еден начин не ги перцепира судиите како партиски припадници, ниту како наши и ваши, ниту како ВМРО или СДСМ, туку ги гледа единствено како оние коишто се професионални, чесни и работат законски и оние коишто не го работат тоа. Треба секогаш да се покажува неселективност и мислам дека има широк спектар на иницијативи пред Судскиот совет којшто на дело можат да покажат дека не се работи за никаква партиска чистка, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат М.

– Мислам дека е добро што постапуваат и дека е добро што ги разрешуваат ситуациите и претставките или предметите што се пред нив. Сите добија шанса во претходните четири години. Ќе најдеме релација и со бизнисмени, ќе најдеме релација и со други партии, различни партии, и тие релации потојат. Дали тие релации влијаат во нивната работа, тоа е главното прашање. Мерката може да биде разрешување, а може да биде и нешто друго. Ако Судскиот совет одлучил така, јас навистина верувам дека имале добра причина, посочи министерот за правда, вели Маричиќ.

Тој изрази уверување дека Судскиот совет работи во вистинска насока се додека има основа за секоја постапка. Во никој случај, како што рече, нема никогаш да дадеме поддршка, ниту е тоа во ред со нашиот систем, да се носат одлуки врз основа на непостоечки докази или непостоечки ситуации.

– Монтирани случаи, политички разрешувања не постојат во моментов. Она што постои е одлучување за секој случај поединечно. Секој судија добил шанса во оваа држава особено во последните четири години. И со ЕУ сме го дискутирале и со САД сме го дискутирале, доволно простор им беше дадено и на судиите и на обвинителите, без разлика кога биле избрани да ја покажат својата професионалност. Меѓутоа од друга страна ако Судскиот совет во повеќефазна постапка донел таква одлука и до колку Врховниот суд во некоја фаза ја потврди јас мислам дека треба да имаме доверба, нагласи Маричиќ.

Министерот за правда потенцираше дека се согласува оти можеби треба да следуваат и побрзи или потемелни разгледувања на работата на определени судови.

– Се отворија прашања за повеќе судови низ државата, меѓутоа мслам дека со интерниот план за проверка на работата на судовите, судиите и претседателите на судови, навистина ќе се зголеми квалитетот на работата и секој суд ќе си превземе свој дел од одговорноста за ефикасноста, за навремно решавање на случаите за недозволување на застарување и за праведно судење, истакна Маричиќ.

Тој посочи дека дали се суштински или не разрешувањата не треба да кажат членовите на Судски совет, тие, како што рече, имаат јасно утврдена постапка која што е прецизирана согласно новата законска рамка од 2019 година и согласно која секогаш треба да наведат конкретни причини.

– Ние веќе немаме разрешувања како што имаше порано, каде што истите фрази се користеа во сите разрешувања без конретни примери. А сега и за вчерашното разрешување, колку што знам, и за сите претходно беа наведени конкретни чекори. Тоа што можеби вам ви се чини несуштинско не мора да значи дека навистина не е суштинско за членовите на Судски совет или за судството и неговата репутација. Затоа јас не би навлегувал во тоа да давам констатација дека се работи за несуштински разрешувања. Напротив мислам дека за да гласаат 11 или 12 членови на Судски совет, треба да има добро образложени причини, наведе Маричиќ.

Тој истакна дека верува оти тие добро образложени причини ги имаат и  оти смета дека впрочем постои постапка во која што разрешените судии имаат право на жалба и ќе се види дали ќе се потврди тоа или не.

– До колку се потврдат тоа е единствениот системски начин за разрешување на овие ситуации. Мислам дека е голем исчекор тоа е самиот факт што имаме 12 разрешени судии од новата законска рамка до денеска.  Дел од тие постапки со години седеле кај Судскиот совет. Сега посотои клима, расположение и волја врз основа на нивниот интерен план за прочистување да ги разгледаат овие иницијативи и да одлучат. Мислам дека тоа е сериозен начин како да се динамизира судството, како да се зајакне одговорноста, како да се зголеми квалитетот на судството и како да се покачи довербата на јавната доверба, довербата на граѓаните во судството, заклучи Маричиќ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ