• Latest

Маркуш: „Агенда Европа дома“ вистински пристап за комплексните реформи кон членство во ЕУ

March 16, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маркуш: „Агенда Европа дома“ вистински пристап за комплексните реформи кон членство во ЕУ

March 16, 2021 13:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш денеска го поздрави објавениот план на Владата наречена „Агенда Европа дома“, којашто, како што рече, е вистински пристап за комплексните реформи на патот кон членство во ЕУ.

-Одлучноста на Владата на Северна Македонија да ја придвижи стабилно земјата кон Европската Унија неодамна се зајакна и со Агендата наречена Европа дома, чија цел е имплементација на европските стандарди во Северна Македонија, рече Маркуш на втората сесија од Работната група 3, Поглавје 23 (Правосудство и основни права) на тема „Слободата на изразување наспроти клеветата, навредата и говорот на омраза“ на Националната конвенција за ЕУ во Северна Македонија (НКЕУ-МК).

За него, ова е вистински пристап, бидејќи, како што подвлече, „комплексните реформи не треба да бидат само направени од вашата желба за членство, туку исто така значи со длабоки реформски процеси пред или паралелно пред да почне самиот старт на преговори“.

Маркуш се осврна и на проблемите во самата Европската Унија. -Унијата е во процес на трансформација од неколку причини. Сегашната пандемија ни откри некои од проблемите кои веќе ги знаеме, но исто така покажа и некои предизвици и сега ова е шанса да се видат каде се проблемите и кои промени да се направат. Во наш интерес е да понудиме шанса на сите да учествуваат во таква една дебата за иднината на ЕУ, оцени словачкиот амбасадор.

Во однос на темата на Втората сесија, за слободата на изразување, Маркуш рече дека земјава е дел од тој процес на изнаоѓање солуции за овие проблеми, што, според него, може да направат контрибуција не само во нашето патешествие кон членство во ЕУ, туку исто така и земјава да даде придонес и на пошироките размислувања што ја планираат иднината на европскиот континент.

-Вашата работа затоа повеќе е уште поважна. Вие работите во услови кои не се баш најповолни, но важно е процесот да почне и да продолжи натаму. Во нормални услови после оваа пандемија, треба да се дојде до решение на проблемите се со цел полноправно членство на Северна Македонија, рече Маркуш.

Драган Тилев, државен советник во Секретаријатот за европски прашања, рече дека нашиот пат кон ЕУ трае повеќе од две децении и низ тој период поминуваме низ реформи и промени и сето тоа го правиме со основна цел за да бидеме демократско општество со целосен респект на темелните вредности по примерот на ЕУ.

-Политичката цел е членството во ЕУ. Но примарната цел е владеење на правото, почитување на основните човекови права, слобода на изразување. Се работи за заеднички вредности кои безрезервно ги почитуваме и кон кои се стремиме, рече Тилев.

Според него, клучно е што високата цел е развиена децении наназад и ни вели дека вредностите кон кои се стремиме ни требаат заради самите нас, не само заради нашето членство во ЕУ.

-Тоа не неважно, но не е пресудно. Пресудно е во каква држава сакаме да живееме ние и идните поколенија, на какви вредности нив ќе ги учиме и за кои вредности ќе се залагаат и ќе ги практикуваат, рече Тилев.

За да почнат промените, според него, потребна е иницијатива, но за да траат и да се одржат потребно е промените и реформите да ги прифати и да ги практикува мнозинството, за кое што вели, е најтешкиот дел од равенката.

-На почетокот на годината Владата усвои План 21, а пред една недела и комплементарен план Агенда Европа дома, се со цел да се насочи и фокусира енергијата, за да се пополни празнината до почетокот на преговорите и да се продолжи со работа на реформите и да ги почнеме да ги практикуваме европските правила и стандарди дома, тоа е основната цел, подвлече Тилев, додавајќи оти е мудро да се имаат планови, бидејќи кога сме во процес на реформи и промени умно е да се има план и да се следи имплементацијата и да се коригираат работите доколку се движат во погрешен правец бидејќи ние се подготвуваме како да преговорите ќе започнат утре или многу наскоро.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ